Се тепале колеги – еден ранет со нож, тројца повредени

На 14.06.2024 во 14:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец ги привеле А.А.(26) и Ј.Б.(24), двајцата од с.Катланово, скопско, поради сомнение дека пред фирмата во која работеле во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец учествувале во физичка пресметка.

Во тепачката Ј.Б. употребил остар предмет и му нанел убодна рана на Н.М., кој бил пренесен во Компекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Притоа, со повреди се здобиле Е.М., Р.Б. и С.Ќ., сите вработени во истата фирма.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Екипа на Брза помош заедно со пациент заглавени во лифт во зграда во Скопје

Медицинска екипа, заедно со пациент се заглавени во лифт во зграда во Кисела Вода во Скопје.

Од ЦУК информираат дека заглавените побарале помош од 112 и дека се известени сите надлежни за спасување. -Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје, информираат од Центарот.

Еден скопски булевар денеска и утре ќе биде затворен за возила

Поради снимање на сцени од филмот „Осветлен“, денеска (26 јуни) од 18:00 часот до четврток (27 јуни) во 5:00 часот, ќе има измена на сообраќајниот режим на булевар „Србија“ во Скопје, соопшти продуцентската куќа „Ново македонско видео“.

Предвидено да се снима на потегот помеѓу булевар „Трета Македонска Бригада“ и булевар „Србија“. Ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ до крстосницата со булевар „Трета Македонска Бригада“. На истиот потег за време на снимањето ќе биде овозможено движење само на автобусите на јавниот градски превоз, товарните возила и на амбулантните возила.

За време на снимањето обезбедена е полициска асистенција од СВР Скопје.

Продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“ изминатиов период го реализира играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ.

Филмот се снима на повеќе локации низ Скопје.

ЕК: Му честитаме на Мицкоски, ама мора да ги спроведе реформите

Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. 

- Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат, истакна Писонеро во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕК околу изјавата на Мицкоски дека „нема да прифати промена на Уставот“, како и околу „не користењето на уставното име од страна на Владата“. 

Писонеро додаде и дека ЕУ веќе кажала оти жали поради не користењето на уставното име на земјата од страна на „некои македонски лидери“.

- Тоа е нешто што е договорено со Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од Договорот и да го имплементираат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме, истакна Писонеро.

Популарно