Тешка сообраќајна несреќа се случи пред малку во непосредна близина на бензинската пумпа „Окта“, кај хотел „Континентал“.
Возилото марка „опел корса“ со скопски регистарски таблички удрило во столб, а неофицијално возачот е загинат.
Полицијата во моментов врши увид. Повеќе информации од МВР се очекуваат подоцна.