Змии се шетаат низ Скопје, Град Скопје нема служба за нивно заловување, алармира Апостолов

Змиите веќе неколку дена се главна тема меѓу граѓаните, со оглед, на високите температури. Надлежниите предупредуваат дека почнале да се појавуваат и во населени места, а од Центарот за управување со кризи велат дека нема бесплатно заловување на змии откако граѓаните ќе пријават.

На темава, со фејсбук став, се јави и Ивица Апостолов, претседател на Здружение на медицински лаборанти - Клинички центар Скопје, а инаку е вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за клиничка биохемија Скопје.

- Пред две недели испратив прашање до Градоначалникот на Град Скопје Данела зошто нема специјализирана служба за заловување и безбедно отстранување на змии во градов, а кој е преполн со змии поради шахтите кои се гнездо за размножување на глувци кои почнаа да шетаат по фасади? Нема одговор, женава није одавде, не прска против комарци, нема дератизација, нема поставување на репелери од Општините и Градот на кои им плаќаме купишта пари преку разни давачки и даноци, па мораме сами приватно да ангажираме служби за дезинфеција, дезинсекција и дератизација на штетници, пишува тој видно револтиран.

- Она живи у подруму, а змии се шетаат на кејот на Вардар како луѓе што се шетаат, во Аеродром имам видено посебно, некни во Карпош кај Александар Палас, кај школото Кочо Рацин и спроти амбасадата на Србија кај новата куќа до резиденцијата и куќата на Панчев, а и кај МНР до паркингот, додава тој со цел да алармира за актуелниот проблем со змиите. 

Засега од Град Скопје молк за овој проблем. 

АХВ: Спроведени вонредни контроли и во Кавадарци

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли кај оператори со храна во Кавадарци. Недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница на кои им се изречени парични казни за пласирање во промет на небезбедна храна и неспроведени санитарни прегледи за вработените лица.

Изречените глоби се движат од 600 до 3 илјади евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна ( месо, замрзнати производи, замрзната риба).

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците

Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се прославува и придонесува за промоција на нејзината историја и на културните традиции кои се составен дел од македонското општество, истакнува претседателката Гордана Сиљановска Давкова  во честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Соживотот во нашата татковина, посочува претседателката, е резултат на почит, уважување и солидарност. Да не дозволиме овие вредности да бидат загрозени и нарушени, и да продолжиме да работиме на напредокот и на благосостојбата на нашата заедничка татковина.

- Предизвиците со кои се соочуваме како држава нè тангираат сите и тие не бираат пол, религија, етникум. Сите сме под исто небо.Обединети да ја оствариме визијата за нашата татковина, како демократска, правна и развиена држава. Нека ни е честит празникот, се наведува во честитката.

Емотивно е врзан - Скопјанка бара помош да се пронајде велосипедот на лице со деменција

На социјалните мрежи утрово се појави апел за помош да се пронајде изгубениот велосипед на повозрасен скопјанец кој страда од деменција, а емотивно е врзан со ова свое превозно средство.

- Ве молиме за помош добри луѓе. Имаме сериозен проблем. Возрасно лице со доза на деменција тргнал сам на лекар со велосипед кој според негово кажување му се расипал и го заклучил со ланец за некој метален столб. Тој се врати дома. Локацијата каде е велосипедот не умее да ја каже. Велосипедот е години стар без некоја висока вредност, но човекот е емотивно врзан за истиот и според однесувањето се менува неговата состојба. Локацијата би требало да е некаде во реонот на стар Аеродром во овој реон. Велосипедот е Max женски модел - бел со розеви цветови. Ве молиме доколку го видите да ни јавите. Ви благодариме, се наведува во апелот за помош од секој добронамерен жител на Скопје кој можеби ќе го види некаде овој велосипед.

Популарно