Еден скопски булевар денеска и утре ќе биде затворен за возила

Поради снимање на сцени од филмот „Осветлен“, денеска (26 јуни) од 18:00 часот до четврток (27 јуни) во 5:00 часот, ќе има измена на сообраќајниот режим на булевар „Србија“ во Скопје, соопшти продуцентската куќа „Ново македонско видео“.

Предвидено да се снима на потегот помеѓу булевар „Трета Македонска Бригада“ и булевар „Србија“. Ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ до крстосницата со булевар „Трета Македонска Бригада“. На истиот потег за време на снимањето ќе биде овозможено движење само на автобусите на јавниот градски превоз, товарните возила и на амбулантните возила.

За време на снимањето обезбедена е полициска асистенција од СВР Скопје.

Продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“ изминатиов период го реализира играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ.

Филмот се снима на повеќе локации низ Скопје.

Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината

Денеска во 00.00 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Г.А.(38) од Штип поради тоа што на вчера околу 15.30 часот во семејниот дом во Штип физички ја нападнал својата 63-годишна мајка, а потоа и упатувал закани и кршел дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ИНСТАТ: Во Албанија живеат 2.281 Македонец, 7957 се попишани како Бугари

Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во оваа земја живеат 2.281 Македонец.

Во прегледот ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив стои Северна Македонија.

Гледано одделно од вкупната бројка Македонци 1.136 се од машки, додека 1145 од женски пол.

Според резултатите од пописот, 7957 се попишани како Бугари. Првпат се случува на попис во Албанија да се попишат лица од оваа националност. Во сите досегашни 11 спроведени пописи ниту еден жител на Албанија не се изјаснил како Бугарин.

Од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 23.485 Грци, 12.375 Египќаните, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Србија, 511 Црногорци. Останатите се на друга етничка група или одбиле да се изјаснат.

Приведен крадец баран со потерница

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска околу 12:25 часот на територија на Ѓорче Петров, го лишиле од слобода скопјанецот А.Е.(55), кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје, за затворска казна од две години.

Како што соопшти МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. 

Популарно