(Видео) Управата за водење матични книги влегува под надлежност на Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација во наредниот период ќе го ревидира Патоказот за дигитална трансформација со цел да го укине двојството на планови, стратегии, патокази, најави денеска ресорниот министер Стефан Андоновски.

За тоа, како што кажа, ќе биде консултирана и поранешната министерка за добро владеење Славица Грковска, која заедно со поранешното МИОА ја имаше таа надлежност.

-Во наредниот период ќе разговараме со претставниците на ЕУ во Македонија и сите наши меѓународни партнери. Има голем број на партнери заинтересирани за дигитализацијата во Македонија и мислам дека ќе излеземе со една заедничка национална ИКТ стратегија и национална стратегија за сајбер безбедност што ќе го интегрира и патоказот. Се надевам дека ќе имаме едни и единствени решенија со коишто ќе комуницираме и со Брисел и со ЕУ и со нашите други меѓународни партнери. Програмата на УСАИД, исто така, е заинтересирана во овој дел и мислам дека ќе имаме еден пат и една стратегија по којашто ќе се движиме, а не двојство на планови, стратегии, патокази, рече Андоновски во одговор на прашање по денешната средба со новинарите.

За дигиталната трансформација на земјава, како што кажа, добра основа даваат ревизорските извештаи.

-Погледнавме три што се однесуваат на ова Министерство и со должно внимание ги разгледавме. Имаме и препораки за надминување на околностите, но мислам дека има и основи за некоја друга поголема одговорност и се надевам дека и Обвинителството ќе ги разгледа овие ревизорски извештаи, да видиме како се потрошени парите на граѓаните, а не е гарантирана нивната безбедност. Она што ќе работиме во наредниот период е воспоставување на минимум стандарди за сајбер безбедност што ќе значи дека секоја институција почитувајќи ги ќе може да се заштити себе, но преку тоа и граѓаните од сајбер напади, потенцира Андоновски.

Како што кажа под надлежност на Министерството ќе влезе и Управата за водење матични книги.

– За да постигнеме целосно дигитализација на услугите и сите услуги да бидат достапни преку порталот e-uslugi, но и сите да бидат дигитализирани ќе биде потребна целосна дигитализација на Управата за водење на матичните книги. Сметаме дека надлежноста за Управата треба да ја има онаа институција која што во своја надлежност го има регистарот на населението, а по новиот Закон за организација и работа на органите на државна управа ние ја имаме и надлежноста за раководење и дигитализација на матичните книги. Затоа треба Управата да биде под надлежност на Министерство за дигитална трансформација, прецизира Андоновски.

Министерството, додаде, ќе дава и идеи околу регулацијата на медиумите.

-Би бил тежок збор да кажам регулација на медиумите, но наша заложба како Министерство ќе биде на една маса да успееме да ги седнеме претставниците на здруженијата на медиумите, претставниците на сопствениците на медиумите и сите заинтересирани страни во процесот и да донесеме закон или легислатива што ќе одговара на сите овие страни и минимум стандарди што ќе треба да ги исполнуваат електронските медиуми. Не сакаме да наметнуваме решенија во делот на медиумите, сакаме решенијата да произлезат од фелата, од новинарите и секако од радиодифузерите, истакна Андоновски.

Како што кажа, Министерството ќе се заложи и за фриленсерите и за регулација и признавање на работата од далечина, односно од дома, за да немаат проблеми фирмите со инспекциите поради обврската вработените да се регистрираат со електронски картички за присуството на работното место за компаниите со над 50 вработени.

– Во однос на фриленсерите наша заложба и во владината програма е дека ќе ги препознаеме фриленсерите како лица кои работат на дигитални платформи и заработуваат преку тие платформи. Се надевам дека со измените што се подготвуваат во Законот за работни односи токму оваа категорија ќе биде вклучена, посочи Андоновски.

Целото видео погледнете го ТУКА

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно