Македонец возел со 205 км на час, па останал без возачка

Службениците од државниот оддел за транспорт од Австрија открија автомобил кој се движел со значително преголема брзина на Вестаутобанот во правец на Виена во општината Пуркерсдорф во четвртокот наутро.

Тие го бркале автомобилот со нивното цивилно патролно возило, а со помош на калибрираниот брзиномер и видео снимката е утврдено дека возачот се движел со 205 километри на час, при што бил запрен во областа Виена-Аухоф

Се работи за лице кое живее во Линц, но со потекло од Македонија, и истиот е казнет.

Според полициската управа на покраината Долна Австрија, возачката дозвола е одземена поради преголема брзина и по консултација со окружната управа на Сент Пелтен, возилото е привремено одземено.

Американскиот врховен суд: Трамп има право на имунитет

Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, со што се намалува веројатноста дека федералната кривична постапка против Доналд Трамп (по обвинение дека планирал да го запре трансферот на власта на 6 јануари) ќе продолжи пред изборите во 2024 година.

Врховниот суд пресуди дека поранешниот претседател Доналд Џеј Трамп има право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, пишува„ Њујорк Тајмс“.

Гласањето беше шест против три, поделено според тоа кој која партија ја фаворизира.

Трамп тврди дека има право на апсолутен имунитет од гонење.

Пониските судови ги отфрлија тврдењата на Трамп, но одлуката на Врховниот суд може доволно да го одложи случајот, толку многу што Трамп ќе успее целосно да го отстрани сето тоа доколку победи во ноември.

Судиите рекоа дека Трамп е имун од гонење за службените дејствија преземени за време на неговото претседателствување, но има клучна разлика помеѓу службеното и приватното однесување.

Случајот се враќа на понизок суд, кој ќе одлучи дали дејствијата на Трамп биле службени или приватни.

Поранешниот претседател се соочува со три точки од обвинението за заговор и едно обвинение за попречување на службените постапки, сите поврзани со неговите напори да остане на претседателската функција по поразот на изборите во 2020 година.

Силно невреме ја зафати Словенија

Силно невреме со грмотевици попладнево ја зафати Словенија и северозападните делови на Хрватска со тенденција да се придвижи кон Унгарија.

Силната бура ја зафати областа северно од Новo Место во Словенија, а паѓаше и град со дијаметар од најмалку два сантиметри во близина на Шентвид.

Од Агенцијата за животна средина (Арсо) од каде што издадоа портокалово предупредување за целата држава, предупредија дека невремето ќе продолжи во попладневните и вечерните часови. 

МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Северна Македонија.

Оттаму додаваат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.

Претходно, на Фејсбук профилот на албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, беше објавено дека го отстранил македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско знаме.

Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, туку само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија. 

Популарно