Кривична пријава против полицаец кој го обезбедувал домот на Заев, го напуштил работното место и пукал со пиштол

МВР поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. против полицаец вработен во ПС Струмица, кој бил на службена должност како обезбедување на поранешниот премиер Заев.

Покрај ова против него е изречена и мерка за остранување од работното место, до завршување на дисциплинската постапка.

„Имено, пријавениот Т.А. на 29.06.2024 година околу 6,20 часот, во својство полициски службеник, напуштајќи го работното место каде извршувал задачи по наредба за вршење на служба, како посебно обезбедување во домот на поранешен премиер, заминал на улица „Бетовенова“, каде се сретнал со лицето А.Е., брат на Е.Е. со кои претходно биле договорени да остварат средба и додека разговарале пријавениот Т.А. во еден момент со службен пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Притоа, тој не го пријавил настанот, повторно се вратил на работното место и по завршувањето на смената, се раздолжил со опремата и си заминал“ се вели во соопштението на МВР.

Покрај ова тој се обидел преку неговите колеги, полициски службеници П.П. и С.Д  кои биле испратени на местото на настанот да го заташка случајот. Ваквиот обид не бил пријавен од нивна страна при што за истите е поднесен предлог за утврдување на дисциплинска постапка.

Од утре порст на температурите до 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на претежно сончево и многу топло време, со пораст на дневната температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени. Во почетокот на следната седмица во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. 

Времето утре (7 јули) ќе биде сончево и многу топло со температури кои ќе достигнат до 38 степени во Гевгелија и Демир Капија. Во Скопје температурата се предвидува да достигне до 37 степен. 

Од понеделник до петок следната недела максималната температура ќе се движи до 40 степени. 

Сторителот на делото во Тетово не е фатен: Обвинителството прибира снимки

Полицијата се уште трага по сторителот на убиството од вчера во Тетово, соопштија од обвинителството.

„Извршен увид на лице место. Јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. Возилото и други траги се подигнати за вештачење.

МВР постапува за откривање на сторител“, стои во соопштението на Обвинителството испратено до медиумите.

За потсетување, како што информиравме, вчеравечер едно лице од возило мерцедес, пукало кон друго возило бмв, во кое било сега починатиот Р.Т. Од повредите мажот починал.

„Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило "мерцедес" пукало кон возило "бмв" во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало.

Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, изјавија од МВР за Прес24.

ВИДЕО- Таравари: Ќе се градат две катни гаражи на Клинички

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва изјави дека Владата донела одлука со јавно-приватно партнерство во кругот на Клиничкиот центар во Скопје да се изградат две монтажни катни гаражи за да се надмине проблемот со паркирањето. За ова, вели тој, е изработена физибилити студија и ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање.

-Монтажни катни гаражи и повеќе организирани паркинг места коишто ќе бидат со приватен партнер. Тие ќе ги наплаќаат билетите, нормално саатница како и секаде, а пациентите и докторите кои што работат таму ќе имаат паркинг места отколку што има сега, рече Таравари во Тема на денот на ТВ Сител.

Министерот, кој денеска беше во посета на Клиниката за онкологија, рече дека се разговарало барем дел од пациентите терапијата да ја примаат во „8 Септември“, во Тетово и во Битола.

– Да видиме некако да не доаѓаат преголем број на пациенти во Скопје бидејќи и таму капацитетите на онкологија се ограничени. И добив информација која што е страшна. Ќе треба да седнам со министерката за финансии пред првиот ребаланс на Буџет. Ни недостасуваат огромен број на сестри, зборам за онкологија, техничари радиолози, физичари и доктори, да видиме во понеделник ќе седнам и со деканот на Медицински факултет да нправиме некаква стратегија за специјализации, рече Таравари.

Министерот најави дека ќе биде покрената иницијатива за одговорност за тоа зошто набавените акцелератори во „8 Септември“ во Скопје и во штипската болница не се користат.

-Апсолутно, мораме да побараме, ако не побараме тогаш и ние сме криви. Да видиме да се покрене одредена иницијатива. Како ќе заврши јас тоа не знам и не би сакал да зборам, рече Таравари.

Министерот денеска бил и во посета на Институтот за патологија, каде, како што кажа, има само 11 патолози и затоа толку доцнат резултатите.

– Низ цела држава има со 40 патолози, што е премала бројка, рече Таравари и додаде дека мора да се најде начин да се мотивираат штотуку дипломираните доктори да специјализираат на радиологија, на онкологија на пример.

Потврди дека се размислува за зголемување на платите на лекарите, но вели дека тоа не е само добра волја на министерот. Најави постепено зголемување на платите.

Министерот за здравство истакна дека следната недела измените на законот за здравство со кои се укинуваат економските директори ќе оди во Собрание, за две до три недели ќе се отпатува во Словенија за да се види искуството со спојување на нивниот Клинички центар, а исто така за две до три недели ќе биде објавена и новата позитивната листа на лекови, која ќе се обновува секоја година.

Популарно