Чибишев: 18-те лица што беа вработени од Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија

18-те вработени кои добија ангажман од поранешната директорка Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија откри новиот директор Андон Чибишев.

Тој вели дека овие лица работеле со незаконски договори и со тоа внесувале немир помеѓу вработените и незаконски престојувале во институцијата со невалидни договори и довивале плата.

„Со тоа Буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите, додавајќи дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања и ќе се вработуваат сите според законите на државата, односно преку конкурс.

За претходната директорка кажа дека не му оставила големи проблеми и добро е што си заминала дома

„Добро е што е сменета и си отишла дома. Не сакам веќе да мислам и да се занимавам со минатото затоа што ќе ми помине мандатот во занимавање со тоа што се случувало седум години“, рече д-р Чибишев.

Шест години од смртта на Влатко Илиевски

Денеска се одбележуваат шест години од смртта на македонскиот поп пејач и актер Влатко Илиевски (33).

Илиевски на 6 јули во 2018 година во вечерните часови беше пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“.

Својата кариера ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.

Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови.

Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две нагрди. Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понудил на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“.

Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Прпл“ (Deep Purple) во Скопје.

Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје. Минатата година, 2022, на неговиот роденден беше објавен негов албум „Последно танго“, составен од необјавени песни. На албумот имаше 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача.

Поскапуваат патарините во Србија

Од 10 јули ќе се плаќа поскапа патарина во Србија. Имено, Владата на Србија даде зелено светло за новиот ценовник на Јавното претпријатие Путеви Србије.

Новите цени на патарините ќе важат од 10 јули, стои во новата Одлука за висината на посебната такса за користење на јавниот пат, неговиот дел и патниот објект, што ја донесе Јавното претпријатие Путеви Србије.

Ова се новите цени на поединечните делници на српските автопати:

Белград – Шид: нова цена 500 динари (сега 450 динари),

Обреновац – Прељина: нова цена 560 (510 динари)

Белград – Суботица: нова цена 800 (730 динари)

Белград – Врбас: нова цена 470 (420)

Белград – Ниш југ: нова цена 1.130 динари (1.020)

Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (1.510 динари)

Белград – Баточина: нова цена 500 (450)

МВР има осомничен за пукањето во Тетово

Министерството за внатрешни работи денеска се огласи со нови информации по вчерашното убиство во Тетово, во кое застрелан беше Р.Т.(39).

-Во координација со Основното јавно обвинителство Тетово формирана е увидна екипа, која извршила увид на лице место, подигнати се траги за вештачење, како и возилото во кое бил Р.Т., кое е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција, информира МВР.

Од Министерството истакнуваат дека од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица – можни сведоци на настанот, извршени се дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Убиството се случило вчера околу 20.35 часот на ул.„Штипска“, во близина на угостителски објект.

-Едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „бмв“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, извести вчера МВР.

Инаку, вчеравечер бил одржан работен состанок во просториите на СВР Тетово на кој учествувало раководството на СВР Тетово, на криминалистичка полиција, на економски криминал и на ПС Тетово, на кој биле дадени прецизни насоки за понатамошно постапување.

Популарно