Младите и пензионерите ќе се возат бесплатно

Домашниот туризам традиционално бележи пораст во летните месеци. Патуваат и млади и стари. И двете категории може да ги користат и бесплатните возови.

Веста дека железничките транспортни врски на Битола се сведени на еден воз од Битола за Скопје заврши пред три месеци кога ЈП „Македонски железници“ ги врати истите линии на поаѓање од и доаѓање во градот.

Според сознанијата сеуште важат поволностите за младите и пензионерите за бесплатно возење. Имено според одлуката на владата од пред десетина години, којашто беше прекината само за време на пандемијата, сите млади лица до 27 години, студенти и средношколци секоја прва и трета недела во месецот во период на викенд денови може бесплатно да го користат железничкиот превоз кон сите дестинации во државата кадешто има воз.

Исто така, за пензионерите, односно за сите жени од 62 години и мажи од 64 години оваа мерка ќе важи секој втор викенд во месецот.

Инаку според информации од Македонски железници, од април се вратени возовите кои сообраќаат на релација Битола-Скопје-Битола. Дури три сообраќаат на оваа релација. Според возниот ред: од Скопје кон Битола воз поаѓа во 6.53часот наутро, попладне во 14.30 часот и 20.05 часот навечер. Од Битола кон Скопје продолжува да сообраќа единствениот кој беше останат, тој што поаѓа во 3.14 часот наутро. Вториот Битола-Скопје поаѓа во 12.47 часот на пладне и последниот од Битола кон светот тргнува во 18.23 часот.

Снимка која ја леди крвта, снимен моментот кога гром удира во шеталиштето во Бар

За време на невремето што го зафати црногорското крајбрежје, утрово околу 10:30 часот гром удрил во бор на шеталиштето на Крал Никола во Бар.

Дополнително, се запалил и електричниот кабинет на ТЕП, кој бил изгаснат со брза интервенција на еден од сопствениците на блиската кафеана.

Вработените во Градско зеленило ги отстранија и ги натоварија искршените делови од дрвото во близина на угостителскиот објект на шеталиштето Крал Никола, кое беше оштетено од удар на гром. Дрвото не е целосно отстрането, за можно самообновување, пишува rtcg.

Американската амбасадорка си касна гравче на Криволак

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска седна на војничкото гравче во центарот за воена обука „Криволак“.

Таа заедно со припадниците на македонската армија и гостите од САД седна на заеднички ручек по големата воена вежба.

Инаку, војничкиот грав е традиционално јадење кое се подготвува во многу балкански земји, особено во Македонија.

Болницата Плодност се збогува со своите колеги: „Изгубивме врвни професионалци“

Во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, кои вчера го загубија животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, доаѓајќи на своите работни места. Комеморацијата започна со едноминутно молчење во чест на загинатите колеги.

Главната медицинска сестра Ребека Алексовска говореше за ликот и делата на загинатите, поединечно за сите, истакнувајќи ја нивната професионалност во работата, но и приватниот дел како одлични родители, татковци, сопрузи, ценети кај сите вработени во болницата.

„Ние загубивме колеги, пријатели, блиски, стручни и ценети професионалци, загубивме дел од нашето Плодност семејство. Тројцата наши соработници од Прилеп, кој секојдневно патуваа на своите работни места во нашата болница, за жал прерано ги згаснаа животите“, рече Алексовска.

Таа прочита дел од стотиците телеграми, писма и пораки кои пристигна во болницата, од Битола, Прилеп, Македонија, Европа, од поранешни вработени, пациенти, пријатели на загинатите.

Синот на д-р Александар Ристески, преку порака и се заблагодари на Болница Плодност за најсреќните работни години кои неговиот татко ги поминал во болницата опкружен со љубов од колегите и пациентите, така што за него воопшто не било терет секојдневното патување до Битола.

Примариус д-р Таше Трпчевски, не успеа да ги надвладее емоциите и низ солзи се прости од своите колеги.

„Ми се чини дека во мојот живот не сум имал ваква тешка задача да го одржам овој мемоморијал говор и не би салал да се повтори никогаш. Претрпевме тешка загуба од прераната смрт на нашите колеги, а ова го зборувам во името на сите вработени. Немаме зборови да ја искажеме нашата тага. Велат дека смртта не боли, но боли празнината, тагата и болката за згаубениот. Боли тоа што никогаш повеќе нема да ги видиме. Ова огромна штета за нивните семејства, огромна штета за нас, огромна штета за нашите пациенти. Тие си отидоа, но нивните племени души ќе останат во нашите срца, ќе бидат со нас и ќе запаметиме во нивнита огромна грижливост во работата. Иако ги загубивме, мислам дека беше привилегија и искажувам благодарност што бевме дел од нивните животи. Нивните души нека останат во мир, а ние ќе ги чуваме во нашите срца“ рече примариус д-р Таше Трпчевски.

На комеморација присуствуваше и зборуваше градоначаникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој како доктор, постети на неговото пријателство и соработка на професионален план со Александар Ристески.

Популарно