Тешко повредена скопјанка, со електричен тротинет паднала на велосипедска патека

Вчера во 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, О.К. (50) од Скопје, која управувала електричен тротинет, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Дете почина во Гостивар додека тренирало фудбал

Малолетно дете почина дека тренирало фудбал на терен во Гостивар. Најпрво му се слошило па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот.Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.

Ванчо Чифлиганец по реакциите во јавноста: Нека ги вратат 5-те милиони евра за комуналии и јас ќе ја напуштам земјата

Компанијата „Адора инженеринг“ на бизнисменот Ванчо Чифлиганец започна со изградба на станбено-деловен објект на паркингот спроти трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, откако Општина Центар издаде градежна дозвола.

Сопственикот Ванчо Чифлиганец во интервју за Телма тврди дека се се гради согласно закон, а се работи за изградба вредна од 90 до 100 милиони евра. Објектот ќе биде на три дела, односно на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката, другиот станбен објект од 11 и бизнис центарот 7 ката, а истиот се очекува да биде готов за две години.

За изградбата на објектот, Чифлиганец порача дека уплатени се комуналии од околу 5 милиони евра.

„Доколку некој смета дека ова не е во ред Ванчо Чифлиганец и неговата сопствена компанија респектирана Адора инжинеринг, нека се вратат 5-те милиони евра јас ќе ја напуштам земјата. Јас сакам да творам во мојата земја Македонија“, додава Чифлиганец.

Според него, оваа парцела била нелегален паркинг, што тој, но и други луѓе го користеле бесплатно за паркирање.

„Јас од ова место тврдам, најелитниот, најхуманиот елитен станбен деловен комплекс со еден бизнис центар ќе биде на ова место“, додаде за Телма Чифлиганец.

Снимка која ја леди крвта, снимен моментот кога гром удира во шеталиштето во Бар

За време на невремето што го зафати црногорското крајбрежје, утрово околу 10:30 часот гром удрил во бор на шеталиштето на Крал Никола во Бар.

Дополнително, се запалил и електричниот кабинет на ТЕП, кој бил изгаснат со брза интервенција на еден од сопствениците на блиската кафеана.

Вработените во Градско зеленило ги отстранија и ги натоварија искршените делови од дрвото во близина на угостителскиот објект на шеталиштето Крал Никола, кое беше оштетено од удар на гром. Дрвото не е целосно отстрането, за можно самообновување, пишува rtcg.

Популарно