Нерегуларности во работата на Олимписки базен - Кривични за пет лица

Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 5. јули годинава до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В. (58) и А.Д.(29), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и З.И.(60) и Б.Б.(51), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот Д.Д., управител на две правни лица од Скопје во јули 2019, пречекорувајќи ги своите овластувања и неизвршувајќи ја својата службена должност, иако знаел дека во 2013 година добил судска пресуда за побарувања од ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, за да ги наплати побарувањата, склучил договор за закуп на дел од спортско-рекреативен центар, спротивно на Законот за спорт, иако знаел дека неговото правно лице нема регистрирано дејност од област на спортот и нема решение за вршење на таква дејност од Агенцијата за млади и спорт. Второпријавениот М.Г., управител на правно лице од Скопје, во содејство и по насоки на Д.Д., а спротивно на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, за споменатиот простор склучил договор за закуп, за месечна закупнина во вкупен износ од 9.419.586 денари со вклучен ДДВ за целиот период на закупот, а за наплата на закупнината од страна на тогашниот директор на јавното претпријатие на правното лице му била доставена фактура за наведениот износ.

Во договор со тогашниот директор на јавното претпријатие, Д.Д. и М.Г. фактурата ја искористиле за склучување на договор за цесија, со кој закупецот наместо да му плати на јавното претпријатие како закуподавач, требало да биде регулиран долгот кој ЈП ги имал кон правното лице по основ на донесената пресуда. Исто така, Д.Д. со иста цел во 2020 склучил договор за деловна соработка со лице од Истанбул, Р.Турција, иако знаел и бил свесен дека склучува договор со тогашниот директор на ЈП за реализација на деловните активности кои произлегуваат од реализација на договорот за закуп на истиот дел од спортско рекреативниот центар склучен помеѓу правното лице од Скопје, чиј управител е М.Г. и јавното претпријатие, кој е даден во подзакуп на правно лице чиј управител е Д.Д., без склучен писмен договор, со што овозможиле корист преку која трите лица требало да остваруваат добивка со правото на користење на простор кој бил за спортска дејност, а на штета на јавниот интерес за спорт.

Пријавениот М.М., управител на правно лице од Скопје, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, во 2004 година склучил договор за закуп со предметното јавно претпријатие за закуп на Олимписки базен во Скопје за период од 15 години, односно до 2019 година, а во периодот што следел иако немал правен основ и без склучен нов договор за закуп, како и без добиено решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, постапил спротивно од Законот за спортот, според кој објектите за спорт не смеат да се пренаменуваат и да се користат за друга дејност освен за дејноста спорт, и за дел од тој објект склучил договор за подзакуп со две правни лица, едното од Скопје, другото од тетовско Теарце.

Пријавениот К.В., управител на правно лице од Скопје и пријавената А.Д., генерален секретар на правно лице - асоцијација, со пречекорување на границите на своите службени овластувања склучиле договори за закуп со споменатото јавно претпријатие на делови  од објектот на спортско-рекреативниот центар, без правните лица да имаат регистрирано дејност од областа на спортот и без добиено Решение за вршење на дејност спорт од надлежната Агенција, со што постапиле спротивно на Законот за спортот.

Пријавените З.И. и Б.Б., поранешни директори на јавното претпријатие, со пропуштање на должен надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и не повеле постапка за раскинување на претходно склучените договори за закуп со правните лица, како и постапка за ослободување и напуштање на просторот во Олимписки базен Скопје од страна на правното лице - закупец, предизвикувајќи штета на ЈП, со што дошло до нарушување на неговото работење.

Штетата на сметка на ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ, односно Буџетот на РСМ која во континуитет била нанесувана од 2004 до денес, ќе биде дополнително утврдена со вештачење кое ќе се изврши по наредба од ОЈО Скопје, информираа од МВР. 

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно