Неофицијално три системи откажале на автобусот на ЈСП кој заврши на жардиниера кај Мавровка

Неофицијално, три системи откажале на автобусот на ЈСП којшто заврши на жардиниера кај Мавровка во Скопје пренесува МТВ.

Од синдикатот додаваат дека присебноста на возачот во тие моменти спречила поголема трагедија.

Од Синдикатот тврдат дека градските автобуси се безбедни и редовно се сервисираат, но недостасуваат резервни делови, гориво и персонал за одржување. Како што велат, во земјава нема млади возачи, оти малите нередовни плати ги тера на егзодус, а одамна не се школува нов кадар.

Внук со остар предмет ја нападнал сопствената баба во Штип

Внукот со остар предмет ја нападнал сопствената баба на која ѝ барал пари и накит.

- На 16.07.2024 во 10.20 часот во СВР Штип, 61-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01.00 часот во семејната куќа во Штип, по претходна расправија, нејзиниот внук А.Ј.(23) од Штип агресивно се однесувал кон неа и со закана со остар предмет ѝ барал пари и накит, информираа денеска од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

(Фото) Падна дел од плафонот во ГТЦ

Од фотографиите што се појавија на социјалните мрежи може да се забележи како е паднат дел од плафонот во Градскиот трговски центар.

Долго време се зборуваше во јавноста за лошите услови во самиот трговски како и за се помалиот број на купувачи посебно во попладневните часови за целата оваа ситуација да кулуминира со паѓање на дел од плафонот.

Ова не е прв пат да падне дел плафонот во ГТЦ, и досега за среќа нема повредени случајни минувачи во ваквите инциденти.

Популарно