(Видео) Нова инвестиција во Кисела Вода, ќе има нови 300 вработувања

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски најави голема инвестиција вредна 20 милиони евра.

На површина од 22 илјади метри квадратни ќе се гради една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи со логистички центар.

Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз.

- Големите работи доаѓаат со истрајност и со вистинска соработка. Гордост ми е да најавам дека во општина Кисела Вода ќе започне со изградба на една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи, како и логистички центар. Ова е македонска инвестиција со странски партнер, кои ќе изградат фабрика на површина од 22 илјади метри квадратни. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз. Вкупната инвестиција е 20 милиони евра. Од општина која беше пред банкрот, до општина со која сите се гордееме и каде почнуваат големи инвестиции. Да ни се множат успесите, изјави градоначалникот  Ѓорѓиевски кој сподели и видео на својот фејсбук профил.

Целото видео погледнете го ТУКА

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Популарно