Петличковски: Со оглед на зголемениот број на ковид случаи, најверојатно ќе се обнови забраната за посети во болници

Во периодот од 22 до 28 јули, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрираше 78 нови случаи на ковид од вкупно 263 направени тестови.

При секвенционирањето на позитивни примероци на SARS-CoV-2, извршено во одделението за вирусологија при ИЈЗ, откриени се варијантите на Омикрон JN.1 (кај 23 примероци) и XBB (кај 9 примероци).

Регистриран е и еден смртен случај, а стотици можеби се заразени без да знаат, бидејќи не се тестирале.

И покрај тоа што пандемијата не е завршена, во Северна Македонија се забележува намалување на примената на мерките за заштита, како што се честото миење на раце и употребата на маски.

„Кај нас сѐ уште е на сила препораката од Комисијата за заразни болести (КЗБ) за забрана на посета во болници, воведена за време на сезоната на грип. Со оглед на зголемениот број на ковид случаи, најверојатно ќе се обнови таа препорака. Иако има зголемен број на прегледи на Инфективната клиника, случаите обично се со поблаги симптоми,“ изјави за „Локално“ директорот на Институтот за имунобиологија, д-р Александар Петличковски, кој е и претседател на Комисијата за заразни болести.

Симптомите на новите видови на ковид вклучуваат назална конгестија или течење на носот, воспалено грло, замор, главоболка, кашлица, губење на вкус и мирис, болки во мускулите или телото, треска, како и гадење или повраќање. 

Пронајдени шест тела на мигранти близу Сицилија

Се претпоставува дека телата им припаѓаат на некои од пријавените 21 исчезнати мигранти при бродолом на почетокот на септември

Италијанската крајбрежна стража пронајде шест во близина на брегот на Сицилија. Властите засега само претпоставуваат дека станува збор за дел од исчезнатите луѓе на брод со мигранти кој потона на почетокот на месецот. Според исказите на преживеаните, како изчезнати се водат 21 лице.

Во средата италијанските власти објавија дека нашле група од седум луѓе, сите мажи со пасош од Сирија, во полу-потонат брод. Преживеаните им кажале на спасувачите дека тргнале од Либија на 1 септември, со вкупно 28 лица на бродот. Меѓу патниците имало и три деца. Ги фатило невреме од кое 21 патник паднал во морето.

Италијанските медиуми објавуваат дека засега само се претпоставува дека денеска најдените тела се дел од 21 исчезнати патници, меѓудругото и поради координатите на локацијата на која се најдени.

Средниот Медитеран е една од најсмртоносните мигрантски рути во светот. Според Агенцијата за миграција на Обединетите нации, над 2 500 мигранти загинале или се исчезнати во обид да поминат кон Западна Европа само минатата година. Од почетокот на оваа година, избројани се 1 116 жртви.

Според бројките на Министерството за внатрешни работи на Италија, пак, само годинава на околу 43 000 мигранти им успеало да го поминат Средоземното море и да стигнат до италијанско копно. Иако бројката изгледа голема, таа е многу пониска споредено со минати години.

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино

Со тешки повреди се здобил мотоциклист при судир со возило „пасат" вечерва во Неготино. Информацијата за МИА ја потврди портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска. 

- Вечерва во 20:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Идустриска" и ,,Маршал Тито" се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл „сузуки" со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарици и патничко возило „пасат“ со регистарски ознаки од Виница, управувано од Ф.А.(29) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци, појасни Ѓаковска. 

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи од Неготино.

Пет опасни криминалци се на слобода: Избегале од строго обезбеден затвор во Португалија

Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти.

Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш била испратена за да ги пронајде бегалците, соопштија властите.

Двајцата Португалци служеле казни од 25 години за дела поврзани со трговија со дрога, кражби, грабежи и киднапирања. Останатите тројца исто така биле осудени за слични кривични дела.

Затворот Вале де Жудеуш е строго обезбеден и има капацитет од 560 затвореници.

Популарно