Некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат реагенси за цела Македонија

Вчера на одделот за бактериологија во Институтот за јавно здравје настанал хаос, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори што биле присутни во Институтот.

Вклучена е полицијата и информирано е Обвинителството, откако хигиеничарката забележала дека огромната соба со фрижидери во кои се чуваат реагенси за бројни микробиолошки испитувања на заразни и незаразни болести – не работи, односно фрижидерите се исклучени.

Кога вработените отишле кај осигурувачите заедно со раководството, забележале дека само тие што се поврзани со фрижидерите во кои се чуваат реагенсите, се спуштени, односно направен е обид да се исклучи целата комора. Само тие осигурувачи со чија помош се контролирала температурата во фрижидерите – биле спуштени. Камери во близина на овој дел од Институтот нема.

Веднаш била повикана крим-полиција и бил известен обвинител. Поради навременото откривање на настанот, спречено е бројни реагенси да пропаднат, односно да бидат неефективни поради незапазување на температурата неопходна за нивно одржување.

Во фрижидерите како што пренесува „Слободен печат“, имало реагенси за голема кашлица, за уринокултура, реагенси кои се употребуваат за испитувања што во Институтот за јавно здравје ги нарачуваат бројни болници за своите пациенти, а се однесуваат на сите заразни и незаразни болести.

Втор говорник на Global HR Vision 2026: Надина Тирополис!

Во ера на постојани промени и непредвидливост, бизнис светот се соочува со клучно прашање: Како да изградиме организации кои не само што преживуваат, туку вистински напредуваат? Одговорот на ова прашање доаѓа со Надина Тирополис, визионер во областа на регенеративното лидерство и втор потврден говорник на претстојниот Global HR Vision 2026 во Скопје.

Од глобални гиганти до трансформативни промени

Патот на Надина е обележан со повеќе од 15 години искуство во врвот на светската бизнис елита. Работејќи за култни брендови како Gucci, adidas и Sephora, таа имаше уникатна можност да ги навигира комплексните стратешки иницијативи на повеќе меѓународни пазари. Ова искуство не е само листа на имиња во нејзиното портфолио, тоа е темелот врз кој таа ја изгради својата експертиза за тоа како функционираат големите системи и каде најчесто се појавуваат пукнатините во традиционалното управување.

Токму таа длабока инволвираност во корпоративниот свет ја доведе до клучниот увид: традиционалните модели на перформанс веќе не се доволни.

Денес, како основач на Dara Impact, Надина се фокусира на концептот на регенеративно лидерство. Наместо фокусирање исклучиво на екстракција на максимум од вработените (што често води до „burnout“ и стагнација), нејзиниот пристап се залага за создавање на „живи“ системи.

Нејзината работа е насочена кон лидери и организации кои сакаат да излезат од комфорната зона на краткорочните бројки и да изградат:

  • Долгорочна човечка и организациска отпорност: Способност за брзо закрепнување и адаптација по кризи.
  • Усогласување на вредностите: Креирање на средина каде личните вредности на вработените и целите на компанијата се во совршена симбиоза.
  • Култура на доверба: Трансформирање на работните места во простори каде психолошката безбедност е гориво за иновација.

Зошто нејзиното учество на Global HR Vision 2026 е клучно?

Присуството на Надина Тирополис на сцената во Скопје на 23 април е ретка можност за сите HR професионалци и бизнис лидери да се запознаат со методологии кои ги надминуваат стандардните обуки за менаџмент. Таа не нуди само теории, туку практични алатки за тоа како целта, довербата и врвните резултати да станат меѓусебно поврзани и самоодржливи.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

. Зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, но со студени бранови и загаден воздух

Зимата што претстои се очекува да биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови и изразена временска променливост, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се прогнозираат долготрајни екстремни студови, туку претежно умерено топло и динамично време.

Студени периоди со температури под нормалата се најавуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните зимски температури ќе се движат меѓу 1 и 4 Целзиусови степени, додека на планините од 0 до -3 степени.

Според анализата, бројот на мразни денови ќе изнесува од 30 до 55 во низините и од 60 до 75 на планините. Ледените денови ќе бидат релативно ретки во низинските предели (од 5 до 15), но значително почести на планините, каде се очекуваат од 25 до 40 такви денови.

„Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари и повторно кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови“, наведуваат Спиридонов и Милевски.

Професорите предупредуваат и на зголемен ризик од магла и температурни инверзии во периоди со стабилно антициклонално време. Во вакви услови се очекува значително влошување на квалитетот на воздухот, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина.

„Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани. Главните ризици ќе произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините“, оценуваат климатолозите.

Популарно