Се одбележуваат 23 години од Охридскиот договор

Дваесет и тригодишнината од потпишувањето на Охридскиот договор денеска ќе биде одбележана на два различни настани – едниот владин, другиот на ДУИ.

Владата ќе одржи свечена седница со почеток од 13 часот, на која е предвидено обраќање на премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.Ќе биде одржана и панел-дискусија во Клубот на пратениците, на организација на Министерството за животна средина и просторно планирање. Настанот на тема „23 години од Рамковниот договор, децентрализацијата останува предизвик” ќе почне во 10 часот, а ќе продолжи вечерта со свечен прием во Музејот на современа уметност во Скопје.

ДУИ организира одделен настан што ќе се одржи во 12:00 часот во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година, ставајќи крај на воениот конфликт. Договорот го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Договорот го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Популарно