Кушовски: Ни недостигаат 40 автобуси да го покриме летниот распоред, сите автобуси се технички исправни

Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Драги Кушовски во интервју за МИА потврди дека во моментов сообраќаат недоволен број на автобуси за пополнување на возниот ред и ги повика институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк на ЈСП.

Возниот ред се менува во зависност од тоа со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на летниот возен ред. Во моментов, вели, ЈСП располага со околу 190 автобуси, а за да биде пополнет летниот возен ред потребни се 235 автобуси.

„Се надевам дека институциите ќе најдат сили да му помогнат на ЈСП, бидејќи со овој возен парк со кој што располагаме не можеме да го покриеме постоечкиот зимски возен ред. Ние не сме ни од далеку близу да го покриеме тој зимски возен ред. Правиме некои оптимизации во рамките на претпријатието, не знам дали ќе имаме доволно време да се почне со оптимизации на возни редови и не знам дали ќе имаме доволно време да ги направиме до 1 септември, бидејќи секоја оптимизација на возен ред мора да помине преку Советот на Град Скопје“, рече Кушовски.

Прашан зошто дисплеите на автобуските постојки не го покажуваат точниот возен ред, Кушовски вели согласно интерните акти, ЈСП не може да направи промена на возниот ред.

„Не можеме, согласно интерните акти, бидејќи возниот ред се утврдува преку Совет на Град Скопје и ЈСП не може сам да направи промена на возниот ред. Може да даде предлог до секторот сообраќај до Град Скопје и после до Советот за тој возен ред се прифати. Ние тоа го правиме во моментов, јас сум само еден месец тука, но сакам тоа квалитетно да биде направено, да не биде само направено дека нешто сме сработиле за да може да го дадеме предлогот понатаму“, рече Кушовски.

Директорот тврди дека сите автобуси кои сообраќаат се технички исправни, поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат во базите на ЈСП, но како што рече, возниот парк е стар повеќе од 13 години и тековно може да се случи каков било дефект.

„Сите автобуси поминуваат технички преглед на шест месеци и редовно се проверуваат основните работи во нашите бази. Но сите ние сме учесници во сообраќајот и знаеме дека со возен парк стар 13 години и повеќе, тековно може да ни се случи каков било дефект, на кои секојдневно се менуваат и возачи и сообраќаат по многу километри на дневна основа и затоа кажувам автобуси кои што во моментот имаат круцијални дефекти, како што се кочници, според моите информации кои што ги добивам од службите не се пуштаат во сообраќај. За светло или некоја гребнатинка која што настанала во текот на возењето може да се случат такви работи“, рече Кушовски.

За изјавите на вработените возачи во ЈСП, дека во сообраќај се пуштаат автобуси со дефект и покрај тоа што го пријавуваат дефектот, Кушовски порача да не се даваат паушални изјави кои што се непотврдени и ги повика сите вработени кои што имаат проблем да се обратат кај него, бидејќи, како што рече, создавање на таква слика во јавноста никому не оди во прилог.

Во врска со настанот кај ТЦ „Мавровка“, кога автобус на ЈСП удри во жардињера, за што возачот тврдеше дека несреќата се случила поради дефект на кој било посочувано подолго време, Кушовски нагласи дека тоа треба да се остави на истрагата, во која се вклучени, како што посочи и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и со која треба да се утврди кои се причините кои што довеле до таа несреќа.

„Одговорно тврдам дека не е точно дека возилото од сообраќајката кај Мавровка недела дена претходно возело на линија Водно, тоа има возено на Водно два пати оваа година, и тоа, за периодот по Новата година кога е малку поголема фреквенцијата како помошно возило и на 2 мај. Значи дека недела дена претходно тоа возило возело на Водно не е точно. Да оставиме на истрагата, таму е вклучено и Обвинителство и Министерството за внатрешни работи и да видиме кои се причините кои што довеле до таа несреќа. Дали се тие кои што се изнесени во јавноста или можеби ќе излезат други причини“, вели Кушовски.

Поголемиот дел од автобусите, директорот тврди дека имаат клима. Вели се работи за незначителен број автобуси за кои се чека поправка на климите и тие, додава, сообраќаат во раните утрински часови.

„Во поголемиот дел, над 90 отсто од автобусите имаат клима. Имаме неколку автобуси за кои што чекаме климите да се поправат, но тоа е незначителен број и тие обично ги пуштаме во раните утрински часови да сообраќаат, додека температурите уште не се високи, за да можеме да испочитуваме барем дел од возниот ред“, рече директорот.

Во врска со најавите од страна на премиерот Христијан Мицкоски, дека ќе ги разгледа можностите за одземање на ингеренциите на јавните претпријатија кои што се под надлежност на Град Скопје и решавање на проблемите за јавниот градски превоз, Кушовски рече дека се работи за наследени проблеми и дека „мора да се тргне од некоја точка“.

„Проблемите не потекнуваат од сега, тие се наследени проблеми и не се наследени од пред година, две, ниту три години, туку од многу поодамна. Не се вршела навремена обнова на возниот парк на самото претпријатие, се работело како што се работело и гледаме тоа каде довело. Наша цел е тие работи барем да ги стопираме и да не тонат надолу, туку да почнеме малку по малку да се движиме во нагорна линија“, вели Кушовски.

Прашан како ЈСП да стигне до самоодржливост, директорот посочи дека мора институциите да излезат во пресрет за обнова на возниот парк, притоа со домаќинско и одговорно работење, ЈСП тековно да може да ги сервисира обврските.

Претпријатието има свои обврски, додаде, но и свои барања од институции и приватни компании кои треба да се плаќаат редовно за да може да претпријатието да функционира.

„ЈСП има обврски, но има и побарувања и од институции и од приватни компании, тука треба нашите побарувања да бидат наплатени, да почнат да се плаќаат редовно за да можеме ние самите да функционираме. Голем дел во сервисирањето на нашите обврски имаат приходите од самото претпријатие, кои што мора да ги зголемиме и работиме на тоа да бидат истите зголемени“, подвлече Кушовски.

Упати апел до граѓаните да плаќаат билет при употреба на јавниот превоз, додека оние кои веќе имаат да ги валидираат своите билети.

„Апелирам до граѓаните за нивната свесност дека мора да ги плаќаат своите билети во автобусите при возењето и да ги валидираат оние кои што имаат билети, дали се бесплатни или платени да прават валидации, а оние кои што немаат да си купуваат билет“, порача Кушовски.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно