Стојанче Ангелов: ЦУК била користена за вработување на партиски кадри, 70 отсто од раководителите се лингвисти или педагози

Директорот на Центарот за управување со кризи за Радио Слободна Европа вели вели дека таа институција била користена за вработување на партиски кадри.

Според него 70 отсто од раководителите имаат завршено македонски јазик или педагошка кадемија.

Тој посочува дека голем дел од вработените се неупотребливи.

„Ние во Центарот за управување со кризи работиме на чкрги. И овде јас работам со десетина луѓе, сите операции, покривам по една област со по еден човек, не дај Боже, некој да се разболи, имам незаменливи луѓе, а добар дел од луѓето се апсолютно неупотребливи, односно по некој пат ставаме во функција некој вработен - ќе ни направи дополнителна штета и потоа треба двајца да ја поправат таа штета. Оваа институција била користена за вработување на партиски кадри, дел од нив кои што не можеле да ги сместат на друго место.

Има добри кадри кои што се преминати од Македонската армија, но, за жал полека заминуваат во пензија. Има една група од воена Академија која што за нивна несреќа завршила директно во ЦУК, ги најдов малтене во подрум, затоа што беа на најниските почетни позиции. Ги унапредив сите, сите до еден ги ставив во функција. И уште неколку квалитетни луѓе. Ако овде направиме анализа на раководителите, повеќе од 51% имат завршено македонски јазик или Педагошка академија. Но, се плашам дека 70% од раководителите имат македонски јазик и педагошка академија. Кога некој се одлучил да студира македонски јазик или албански јазик или педагошка академија, тој имал голема желба да биде јазичар. И во меѓувреме сфатил дека тој сака да работи кризен менаџмент и наеднаш станува експерт за кризен менеџмент. Па тогаш, зашто постои Воена академија?“ вели Ангелов.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно