Оние кои ги осудуваат луѓето, немаат време да ги сакаат, е еден од најубавите цитати на Мајка Тереза која е прогласена за светица.
Таа е родена на денешен ден пред 114 години, како Агнеса Гонџа Бојаџиу или низ светот позната како Мајка Тереза. Родена е во Скопје на 26 август 1910 година на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.
Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умираа низ улиците, на болните од лепра и од сида.
Еве дел од моќните пораки на Мајка Тереза на кои треба почесто да се сеќаваме и да ги применуваме:
„Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“
„Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“
„Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“
„Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“
„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“
„Мирот започнува со насмевката.“
„Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“
„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“
„Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“
„Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство“.
„Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“
„Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“
„Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“
„Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“