(Фото+Видео) Детали за сообраќајката во Кисела Вода: Тројца повредени, настрадале и две паркирани возила

Вчера, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(36) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26 – годишната М.К. од Скопје, по што удриле во две паркирани патнички возила „хонда“ и „форд“ со скопски регистарски ознаки.

“Во незгодата, со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, Ф.Т.(25) и И.Б.(25), двајцата од Скопје, сопатници во возилото „бмв“ и Б.И.(32) од Скопје, сопатник во возилото „цитроен“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“”, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Целото видео погледнете го ТУКА

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници - сопственици на ланец аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци информираше дека е поднесена кривична пријава против судијка во Основниот суд Велес и двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки и правното лице, кои се товарат за фалсификување службена исправа и за употреба на исправа со невистинита содржина.

Судијката е обвинета и за фалсификување на исправа и во моментот на постапката таа е разрешена од судската функција, додека управителката на ланецот аптеки и нејзиниот сопруг се обвинети за поттикнување при извршувањето на кривичното дело и за употреба на исправите со невистинита содржина.

„Првообвинетата, постапувајќи во предмет во кој тужители се останатите обвинети, донела пресуда со која им го усвоила тужбеното барање и им утврдила право на сопственост на деловен простор и земјиште под зграда. Иако пресудата не била правосилна и извршна, а тужените навреме изјавиле жалби, судијката поттикната со умисла од сообвинетите, ја заверила со службен печат за правосилност и извршност со што свесно внела невистинит податок во службената исправа. Ваквата службена исправа со невистинита содржина таа ја дала на рака на управителката на правното лице, наместо преку судска достава.

Дополнително, како судија во вонпарнична постапка, обвинетата надвор од АКМИС системот за електронско управување со предметите во Судот, составила решение со кое на истите подносители им го усвоила предлогот за привремени мерки за обезбедување непарично побарување, со кое им овозможила на предметниот имот да впишат прибелешка во јавните книги со забрана за отуѓување и оптоварување. Потоа решила привремената мерка веднаш да биде извршна и примерок веднаш да биде доставен до Агенцијата за катастар на недвижности – Одделение за катастар на недвижности Велес. Решението било со невистинита содржина во поглед на податоците за наводно одржаното рочиште, а документот спротивно на судскиот деловник било доставено само до предлагачот.

Со посебно решение, таа ја задолжила спротивната страна да ги надомести парничните трошоци на предлагачите во износ од 1.124.308 денари, повторно веднаш давајќи и својство на правосилност и извршност на исправата, иако знаела дека се исполнети законските услови за повлекување на привремената мерка со што парничните трошоци би паднале на товар на подносителот. И ова решение не го доставила до останатите странки во постапката, туку единствено до предлагачот, со што ги оневозможила да користат правен лек – жалба.

За да ги прикрие сите противправни дејствија во предметите, обвинетата судијка свесно ги уништила службените документи – повратници и не ги споила сите документи во списите на предметот.

Обвинетите сопственици ги употребиле ваквите исправи со невистинита содржина пред Агенцијата за катастар на недвижности за да внесат промени во имотните листови во корист на обвинетото правно лице. Со лажно прикажување факти од судските постапки тие нанеле значителна имотна штета на спротивната страна, а за себе прибавиле значителна имотна корист. Парничните трошоци за постапката ги наплатиле преку извршител, иако знаеле дека барањето за извршување им е засновано на исправа со невистинита содржина“, се вели во соопштението на обвинителството.

(Фото) И скопските шимпанза Мими и Коко се израдуваа на снегот

И животните од скопската Зоолошка се израдуваа на снегот.

- Утрово затекнавме снежна забава во живеалиштето на шимпанзата. Баба Мими и Коко си собраа снег и уживаа играјќи си со снежните топки, споделија од Зоолошката. 

Стефковски со хуман гест, донираше 50.000 денари за лекување на младата Ана

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се приклучи на јавниот повик за собирање на финансиски средства за лекување на 16 -годишната Ана Радевска која боледува од ретка болест.

Ана е средношколка во СУГС Орце Николов.

- Веднаш штом го видов повикот на социјалните мрежи, побарав контакт од семејството со цел да ги известам за мојата одлука да доделиме финансиска помош во висина од 50.000 денари за лекувањето на малата Ана. По разговорот со мајката потребната документација е доставена во општината и се работи на подготовка на Решението за исплаќање на средствата – истакна градоначалникот Стефковски.

Апелираме до граѓаните согласно своите можности да се приклучат на хуманитарната акција и сите заедно да помогнеме за лекувањето на малата Ана. Ова не е прва хуманитарна активност во која градоначалникот на општина Гази Баба се приклучува со своја поддршка, порачаа од локалната самоуправа на Гази Баба. 

Популарно