Од здравствен аспект седиме на буре барут, вели доктор Даниловски за невакцинацијата

Со децении превентивно-медицинскиот сегмент на здравството е на последно место на листата на здравствени приоритети.

Иако е законска обврска сите превентивно-медицински програми (на пример, како што е онаа за имунизациите), да се финансираат со средства од буџетот, редовно едвај се одвојуваат средства кои не покриваат повеќе од 7-10 отсто од вредноста на програмите.

Остатокот до 100 отсто се покрива од средствата на Фондот за здравствено осигурување. Значи, од средствата на осигурениците наменети за лекување. Што е неприфатливо. Ова во статус на Фејсбук го посочи епидемиологот Драган Даниловски.

„Исто така, со децении, (дозволуваме да) се покриваме со хуманитарна помош од УНИЦЕФ, СЗО и УСАИД. И така, „ред се редат“ проекти. Да се осврнеме само на некои најсвежи примери:

1. Иницијативата „Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините“ (декември 2022).

Оттогаш поминаа повеќе од две години. Што е сработено во овој период? Видовме ли континуирани едукативни написи/прилози во медиумите/порталите или на социјалните мрежи, освен сувопарно пренесување (најчесто со сензационалистички наслови) на рутинските извештаи на Институтот за јавно здравје? Кои, без исклучок, се проследени со коментари од граѓаните, кои речиси без исклучок се „говор на омраза“.

2. Во април 2023 година, била претставена платформата Е-здравје, изработена од страна на „Мој термин“, повторно со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД. Извонредна дигитална алатка. Арно ама, таа функционира само ако некој пројави желба да ја консултира.

Колкумина граѓани ја користеле платформата Е-здравје за да се информираат за вакцините? Како постоењето на оваа платформа се реперкуирало врз општиот став на граѓаните кон вакцините?

3. Во јануари оваа година, во организација на УНИЦЕФ и УСАИД се одржал настан на кој здравствените експерти и партнерите заклучиле дека е неопходно превентивната здравствена заштита на децата да се реорганизира за да се постигне поголем опфат со вакцинација.

Според анализите на УНИЦЕФ, постои нееднаква распределба на тимовите за вакцинација според бројноста на опслуженото население, недостиг од персонал, отсуство на координација и соработка со патронажните сестри, матичните лекари и педијатрите. Згора на сѐ, нема доволно опрема.

На крајот, како што е ред, УНИЦЕФ нуди соодветни препораки за надминување на тешкотиите и препорачува тие да станат дел од Националната стратегија за имунизација (која, наводно, била во подготовка) и други релевантни стратешки документи на Владата.

4. Конечно, деновиве бевме сведоци на настан по повод успешно завршување на проектот – Посилен здравствен систем спасува повеќе животи – „Засилување на напорите за имунизација во Р. Македонија”, реализиран во соработка со СЗО, а финансиран од УСАИД“, посочува Даниловски.

Според Даниловски и за овој проект јавно не се достапни информации кога проектот почнал, кои активности се спроведени и најважно – кои се резултатите од тие активности.

„Во јануари годинава, како што спомнавме погоре, УНИЦЕФ препорачал нивните препораки да станат дел од Националната стратегија за имунизација, која е во подготовка.

Таква стратегија постои за периодот 2012-2020 година. Но, за нејзина реализација, бил изготвен Акциски план само за периодот 2012-2015. Таков план за периодот 2016-2020 не постои. Зошто?

Дали „стратегијата што се подготвува“ ќе биде сосема нова стратегија? Или само ќе се ажурира постоечката (онаа за периодот 2012-2020)? Инаку, воопшто не е спорно дека поддршката на УНИЦЕФ, СЗО и УСАИД отсекогаш била – и е – драгоцена. Меѓутоа, сите нивни проекти, колку и да се квалитетно дизајнирани и спроведени, претставуваат дисконтинуирани настани, честопати неповрзани едни со други. Најчесто се сведуваат на експертски анализи со констатации на слабостите и соодветни препораки.

Препораките, меѓутоа, некој треба да ги преточи во конкретни оперативни мерки. И потоа тие мерки некој да ги спроведе. А потоа да се евалуираат ефектите од спроведените мерки. Ги преточил ли некој препораките на УНИЦЕФ и СЗО во конкретни оперативни мерки? Ги спроведувал ли досега некој тие мерки на терен? Ако не, зошто? Ги евалуирал ли некој ефектите на спроведените мерки? Ако не, зошто? Судејќи по состојбите на „терен“, и без официјална евалуација, јасно е дека ефектите се никакви.

Превентивната здравствена заштита на децата е во хаотична состојба. Негативното расположение и недовербата кон вакцините е на многу ниско ниво и (дури) покажува тенденција на влошување, особено по пандемијата. Заради тоа, опфатот со задолжителни вакцинации постојано се намалува, што доведува до потенцијални ризици за епидемиско ширење на одделни болести. Оттаму, се поставува прашање, зошто за решавање на проблемот не му пристапиме проактивно, со сопствени сили, наместо пасивно, потпирајќи се на стручната и финансиската помош на УНИЦЕФ, СЗО и УСАИД? Зошто проактивниот пристап е поквалитетно решение? Затоа што, проектите на спомнатите меѓународни агенции никогаш нема да бидат во состојба целосно да ги идентификуваат сите релевантни фактори асоцирани со лошата состојба“, истакнува Даниловски и додава:

„А меѓу нив, најрелевантниот е „вакциналниот скептицизам“ на огромното мнозинство доктори (матичните, пред сѐ)! А кои, нели, имаат мисија здравствено да ги едуцираат граѓаните.  Како еден родител да одлучи да го вакцинира своето дете, ако се соочи со совет „во четири очи“ на својот доктор, на пример, за морбилите, дека е „подобро да почека додека детето да проговори“? Нема проект на УНИЦЕФ или СЗО што тогаш би можел да го смени ставот на родителот. Значи, токму главните „играчи“ за спроведување на мерките, всушност вршат „тивка саботажа“. Лет во место! Ова не е непозната појава кај нас. Но, стручната јавност со години „ја туркаше главата в песок“ (наводно, се работело за „изолирани случаи“) и се дозволи појавата да земе замав. Особено во текот на пандемијата на ковид-19 и по неа. Што да се прави? Кој треба да ги едуцира докторите и другите здравствени работници? Во април 2021 година формирана е Национална комисија за имунизација со која раководи Национален координатор за имунизација (член 248-в од Законот за здравствена заштита). Од став 2, точка 4 од тој член видливо е дека Националната комисија за имунизација има (законска) обврска да „врши запознавање на здравствените работници и јавноста за потребата и предностите на имунизацијата“.

Докторот како што пишува, се поставуваат две прашања:

1. Кои активности оваа комисија ги има спроведено за „запознавање на здравствените работници за потребата и предностите на имунизацијата“, откако е формирана?

2. Кои активности оваа комисија ги има спроведено за „запознавање на јавноста за потребата и предностите на имунизацијата“, откако е формирана?

Успешноста на спроведените мерки и активности се евалуира врз основа на постигнатите резултати.

Судејќи според актуелната ситуација на „терен“ (присутната нееднаква распределба на тимовите за вакцинација, недостигот на персонал, отсуството на координација и соработка меѓу патронажните сестри, матичните лекари и педијатрите, недоволната опрема, опасно нискиот опфат со вакцинации на децата, масовно распространетиот одбивен став на населението кон вакцините и – најважно – „вакциналниот скептицизам“ кај голем дел доктори), заклучокот за успешноста на работата на Националната комисија за имунизација самиот се наметнува.

П.С. Бидејќи Националната комисија за имунизација претставува државна комисија, таа не треба да заседава само врз основа на иницијатива на министерот за здравство, (како што е тоа случај со Комисијата за заразни болести, која е само стручно-советодавно тело на министерот). Националната комисија за имунизација има законска обврска континуирано автономно да функционира, да ги следи состојбите и да се состанува најмалку еднаш месечно. И за својата работа континуирано да го информира министерот, за тој да може да носи информирани одлуки.

За таа своја работа Националниот координатор и членовите на комисијата добиваат месечен паричен надоместок. Неисполнувањето на обврските претставува кршење на Законот, завршува Даниловски.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно