Насилно ограбени аптека и обложувалница во Скопје

Во текот на викенов во Скопје ограбени обложувалница и аптека.

Како што соопштија од полицијата, на 14.09. 2024 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница во Скопје, едно лице со закана со остар предмет од вработениот одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.

Во друг случај, истиот ден во 18.50 часот било пријавено дека во аптека на територија на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет, од вработената одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.

Дурмиши: Нема замрзнување на цените, ќе се ограничи маржата до 10%

Цените нема да бидат замрзнати, туку ќе се ограничи профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 проценти, соопшти министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Како што истакна Дурмиши, Владата ќе дискутира за оваа мерка на следната седница идната недела. Мерката ќе ги опфати производите како леб, пекарски и млечни производи, овошје и зеленчук.

„Оваа мерка ќе биде краткорочна и ќе важи еден месец. Практиката на нејзиното донесување ќе продолжи и за време на новогодишните и сите следни празници“, додаде министерот. 

Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на месецот, што, како што рече министерот, дополнително ќе придонесе за намалување на цените на производите.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, и дека ќе се разгледува на следната седница на влада. 

А заврне, во Скопје се вози 47 пати полошо - Повторно хаос низ градот

Влажните коловози низ Скопје повторно направија хаос низ улиците и коловозите. Дождот дефинитивно не им е „пријател“ на скопските возачи.

Од утрво, на социјалните мрежи, се споделуваат фотографии на кои се гледа застој во сообраќајот на неколку фрекфентни места низ главниот град. 

Реакции има и на социјалната мрежа „X“. Таму, многумина се и досетливи на тема „дождот и сообраќајот во Скопје“.

Доктор Даниловски појасни за новите смртни случаи од ковид: „Не лажете, не починале од корона“

Докторот Драган Даниловски сподели детално објаснување за податоците за заболени од Ковид-19.

Според него, насловите објавени во медиумите се лажни.

„НЕ ГО ОБМАНУВАЈТЕ НАРОДОТ! Врие денес „Мрежата” од наслови кои соопштуваат дека четири лица починале од Ковид-19 минатата недела! Сите лажат! Не починале ОД Ковид-19. Починале СО Ковид-19.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје јасно и разбирливо си пишува:

„Во текот на минатата недела (09-15.09.2024), пријавени се 4 починати лица асоцирани со КОВИД-19, од Скопје (2), Битола и Тетово. Сите починати лица се на возраст над 70 години, 3 од нив се починати во болнички услови, а кај 3 лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против КОВИД-19.” Што значи ова? Ова значи дека починале од некоја своја хронична болест (тоа е основната причина за смрт), а Ковид-19 бил само придружна (асоцирана) состојба (болест) која го забрзала настапувањето на смртта.

А тоа понатаму значи: Ковид-19 не смее да се наведе како ,,основна причина за смрт”, туку само како „асоцирана” (придружна).

Накратко:Ниту еден од четирите починати минатата недела не умрел од Ковид-19! (Иако биле заразени!)

Медиуми, портали, поединци и други, не вознемирувајте го народот со лажни вести!

Намерно ли е тоа или од незнаење? Сменете ги насловите, „ако ви е вистината мила”!“, напиша тој на Фејсбук. 

Популарно