Дурмиши: Нема замрзнување на цените, ќе се ограничи маржата до 10%

Цените нема да бидат замрзнати, туку ќе се ограничи профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 проценти, соопшти министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Како што истакна Дурмиши, Владата ќе дискутира за оваа мерка на следната седница идната недела. Мерката ќе ги опфати производите како леб, пекарски и млечни производи, овошје и зеленчук.

„Оваа мерка ќе биде краткорочна и ќе важи еден месец. Практиката на нејзиното донесување ќе продолжи и за време на новогодишните и сите следни празници“, додаде министерот. 

Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на месецот, што, како што рече министерот, дополнително ќе придонесе за намалување на цените на производите.

Претходно премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, и дека ќе се разгледува на следната седница на влада. 

Млад скопјанец среде ноќ каснат од куче во Ченто

Среде ноќ млад скопјанец пријавил дека бил нападнат од улично куче во Гази Баба.

Денеска (19.09.2024) во 01.45 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник, соопштија од полицијата.

Жена е тешко повредена во сообраќајката што вчера се случи кај клучката Хиподром

МВР со детали за сообраќајката која вчера се случи во близина на клучката Хиподром.

 - На 18.09.2024 во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на клучката „Хиподром“, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(59) од село Ајватовци, скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, стои во полицискиот билтен. 

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Утре и задутре „Пастрамалијада“ во Штип - Петар Грашо ќе биде главна ѕвезда

Утре и задутре во Штип ќе се одржи 16. издание на манифестацијата „Пастрамалијада“.

Како што беше соопштенео на прес-конференција новата локација за оваа манифестација е улицата „Ванчо Прќе“, а со голем број гости и изведувачи, пастрмајлии и добри вибрации се очекува масовна посетеност и одлична забава.

И годинава ќе се одржи традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија, како и натпревар во брзо јадење.

- Имаме одлични изведувачи, пред се македонски изведувачи. Имаме и нова локација, ова е трета локација по ред на улицата „Ванчо Прќе“. Мислам дека ќе биде најдобро оваа година, оти ќе биде во центарот, ќе биде масовно и ќе има мнолгу вибрации, вели Миро Кацаров кој е дел од организацијата. 

Македонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од пастрмалијадата, со што ќе се понуди забава за сите генерации од седум до 77 години.

- Петок настапуваат Антонија Гиговска, Дани Димитровска која се прослави на „Макфест“, ФИС бенд и ѕвезди на вечерта се Лексингтон бенд. Саботата се Дупер бенд, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо, информираше Кацаров. Годинава за првпат ќе има и денски забави на едносмерната улица, традиционално околу 30 тезги кои ќе нудат пастрмајлии и пијалоци. 

Популарно