Седум месеци не и се исплаќала доживотната пензија на Вилма Трајковска

Седум месеци не и се исплаќала доживотната пензија на Вилма Трајковска, сопруга на трагично починатиот претседател Борис Трајковски. Оваа информација во понеделникот ја откри Ивица Томовски, директорот на службата за општи и заеднички работи во „Дејли Клик“ на ТВ21.

„Затекнавме ситуација каде што на Вилма Трајковска, сопругата на претседателот Борис Трајковски не и бил исплаќан надомест во висина од 2000 евра кој и следува доживотно“, рече Томовски.

Емотивно е врзан - Скопјанка бара помош да се пронајде велосипедот на лице со деменција

На социјалните мрежи утрово се појави апел за помош да се пронајде изгубениот велосипед на повозрасен скопјанец кој страда од деменција, а емотивно е врзан со ова свое превозно средство.

- Ве молиме за помош добри луѓе. Имаме сериозен проблем. Возрасно лице со доза на деменција тргнал сам на лекар со велосипед кој според негово кажување му се расипал и го заклучил со ланец за некој метален столб. Тој се врати дома. Локацијата каде е велосипедот не умее да ја каже. Велосипедот е години стар без некоја висока вредност, но човекот е емотивно врзан за истиот и според однесувањето се менува неговата состојба. Локацијата би требало да е некаде во реонот на стар Аеродром во овој реон. Велосипедот е Max женски модел - бел со розеви цветови. Ве молиме доколку го видите да ни јавите. Ви благодариме, се наведува во апелот за помош од секој добронамерен жител на Скопје кој можеби ќе го види некаде овој велосипед.

Инцидент во Аеродром: Со дрвен предмет нападнал сосетка, па потоа ги нападнал и полицајците

Инцидент се случил вчеравечер во скопски Аеродром.

Како што соопштија од полицијата, вчера во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Ц.(50) и С.М.(49) затоа што на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што претходно С.М. физички и со дрвен предмет ја нападнала соседката С.Х.(37).

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од МВР. 

Скопјанец загина откако со „даеву“ излетал од пат

Вчера во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција. 

Популарно