Медиумско ангажирање и описменување на младите за поголем граѓански и политички активизам

Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите.

Ова се наведува во публикација „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“, во која се презентирани наодите од истражувањето што Институтот за комуникациски студии (ИКС) го спроведе со испитаници на возраст од 18 до 29 години.

Младите кои се граѓански и политички ангажирани почесто разговараат за важните општествени теми и се вклучени во волонтерски активности во семејната и училишната средина, имаат поголемо искуство со работата на локалната и централната власт, но и со граѓанските организации, а се и повеќе едуцирани и свесни за влијанието на медиумите и дезинформациите врз општествените текови. Оттука, политичките институции, училиштата, граѓанските организации, медиумите и семејството имаат приоритет во поттикнување на младинскиот активизам, што пак е предизвик за оние кои работат на едукацијата, социјализацијата и креирањето на политиките за младите.

Во публикацијата пишува дека во семејствата на младите кои се помалку ангажирани не се зборува често за општествено-политичките настани и тие не се насочуваат, ниту се притискаат да гласаат. Дискусиите и разговорите се поретки и во училиштата. Според младите, основното училиште нуди повеќе искуства за волонтирање и граѓански активизам, а средното училиште за политичка активност, но тоа не е системски, па се остава на волјата на одредени наставници и професори во некои училишни средини самоиницијативно да го поттикнуваат активизмот.

Испитаниците ја потенцираа недостапноста и затвореноста на општините за барањата на младите, како и за тоа што се случува или се планира за нив. Речиси сите млади рекоа дека централната власт многу малку ги вклучува во креирањето на младинските политики и не придонесува за нивната граѓанска и политичка ангажираност.

Медиумите, пак, се препознаени како блокирачи на активизмот заради преоптовареноста со политичко-партиски настани и несразмерното време и простор за други важни општествени теми што би поттикнале некаква активност кај младите. Единствен светол пример се граѓанските организации за кои младите проценуваат дека успешно допираат до нив и го поттикнуваат нивното учество во јавниот живот.

Во публикацијата се препорачува медиумско ангажирање и описменување на младите за да бидат оспособени за критичко резонирање и борба против дезинформациите, со верба и сила да направат промени во општеството.

  • Програмите за медиумска писменост мора да бидат постојано присутни и осовременувани, кои ќе вклучуваат и развивање на свесноста на младите за влијанието на социјалните медиуми и потенцијалните опасности од нивното прекумерно консумирање. Вложувањето во заедници и форуми во кои на безбеден и конструктивен начин ќе се разговара за општествено-политичките настани и медиумските содржини треба да биде една од целите на образовните институции и граѓанските организации, за да се поттикне поголемо чувство на граѓанска должност и ангажман.
  • Локалните младински совети, директното вклучување во процесите на донесување одлуки и одржувањето редовна комуникација преку училиштата и социјалните медиуми се идентификувани од младите како ефективни стратегии со кои централните и локалните институции ќе можат да ги ангажираат.
  • Разновидноста во медиумското известување што одговара на различните вредности и преференции на младите, практикувањето на конструктивно новинарство кое се фокусира на решенија, наместо само на проблемите, како и балансираниот микс на негативни информации и позитивни приказни ќе придонесе кон подобрување на самодовербата и желбата на младите да учествуваат во граѓански и политички активности.
  • Раното вклучување во јавниот живот преку и со поддршка од семејството, како што се волонтирањето и излегувањето на избори, исто така ќе има ефект врз граѓанскиот и политичкиот ангажман на младите.

ИКС го реализираше истражувањето за следење на вести, препознавање на дезинформации и граѓански ангажман кај младите луѓе на контролиран примерок од 345 испитаници на возраст од 18 до 29 години со различни демографски и социоекономски карактеристики (средношколци, студенти, невработени и вработени), спроведувајќи теренска анкета и три фокус-групи во периодот од декември 2023 до март 2024 година. Истражувањето е дел од проектот „Користи факти“, што е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Публикацијата „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“, може да ја прочитате тука.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно