(Фото) Вандали ја оштетиле иконата на Исус поставена на големиот крст во Драчево

Вандали ја оштетиле иконата на Исус која е поставена на големиот крст во паркот во Драчево. Уништена е иконата на Исус Христос, конкретно уништен е ликот на големиот Исус.

Сторителите сеуште не се најдени, но граѓаните бурно реагираат за ова дело, предупредуваат, кој и да го сторил ова скапо ќе плати, се само дел од реакциите споделени на социјалните мрежи.

Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.

- На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да презема дејствија предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и преземал службени дејствија за прибирање докази за предмет во вонпарнична постапка, кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и започнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот, по што осомничените во два наврати се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат, информира ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.

Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција

Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „октомври започнува со уште едно намалување во патниот транспорт, овој пат со намалување на патарините на делницата Малиакос-Клиди“ и објасни дека со ова намалување, вкупната наплата за минување низ петте станици за 2024 година е 13,70 евра од 16,50 евра колку што е денес, додека во 2025 година наплатата ќе биде 14,40 евра од 17,40 евра што возачот ќе требаше да плати доколку не беше воведено намалувањето.

-Ова стана возможно бидејќи избравме бенефитот од рефинансирањето што го обезбедивме да го искористиме до крајот на 2025 година во корист на нашите сограѓани, наместо да го префрлиме износот во државниот буџет. Па така од денеска оние кои минуваат низ централна Грција ќе плаќаат намалени патарини од 2,8 до 3 евра, напиша Мицотакис.

Како што објави МИА на почетокот на септември, намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките возила ќе важи 15 месеци, до крајот на 2025 година и е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегоа од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.

Дополнително, од 6 октомври ќе се намали и цената на патарините на обиколницата „Атики одос“ во областа, Атика поширокиот регион на Атина од 2,80 на 2,50 евра. 

Се судрија камион управуван од 18-годишник и возило во Дебар, две лица се повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ во Дебар.

- На 01.10.2024 во 01.40 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица.„Јусуф Гравала“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(18) од Дебар и патничко возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ч.(38) од Дебар. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Љ.Т.(53) од Дебар, сопатничка во товарното возило, додека возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар, соопштија од полицијата. 

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи. 

Популарно