Октомври ни носи еден продолжен викенд и еден неработен ден

Утре стартува десетиот месец во годината. Во октомври има еден продолжен викенд за работниците, но и еден неработен ден среде седмица.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија до крајот на 2024 година неработни денови за сите граѓани се: 

11 октомври (петок), Ден на народното востание

 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,

8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) 

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден ќе биде 1. ноември (петок), Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните припадници на албанската заедница неработен ден ќе биде 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука. 

За граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден ќе биде 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница - 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница неработен ден ќе биде 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик. 

Идната година, 2025, ќе имаме помалку продолжени викенди. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Популарно