Се скарале за паркинг, па скопјанец удрил со возило во 19-годишно момче

19-годишник од Скопје е повреден откако бил удрен со возило од повозрасен сограѓанин по претходна расправија за паркинг место.

Како што соопштуваат од полицијата, на 30.09.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје. Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР. 

Влада: Митева и Љатифи Азизи избрани за портпароли на Владата

Денеска се одржа 25тата владина седница на која се избраа портпароли на Владата на Република Северна Македонија.

За портпарол на Владата е избрана Марија Митева, соопштија од Владата.

„М-р Марија Митева по професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - правен факултет Јустинијан I, со магистратура по деловно право и положен правосуден испит.

На професионален план, Марија поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, со повеќе од 10 години прогресивно работно искуство. Нејзината професионална историја вклучува позиции како советник за правни работи во Владата, како и советник за нормативни работи во Град Скопје. Во изминативе години активно се занимава со политика, што резултираше со нејзин избор за пратеник во Собранието каде беше вклучена во креирањето и разгледувањето на значајни закони и политички одлуки кои влијаат на иднината на државата.

Во делот на неформалното образование, Марија има бројни доедукации, како што се обуки кои вклучуваат проектно планирање за ЕУ проекти, управување со квалитетот во јавните институции, родова еднаквост и медиумска писменост. Во 2022 година, Марија беше дел од програмата на Американски совет на млади политички лидери (ACYPL) организирана од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, каде го збогати своето знаење во рамки на меѓународната политика. Исто така, таа од 2021 година е алумни и на Шведскиот институт преку успешно завршен модул на Академијата за млади професионалци на тема - миграција и интеграција во Западен Балкан. Во 2019 година учествуваше во обуки за вклучување на напредни методологии за креирање јавни политики водени од податоци организирана од Меѓународниот републикански институт (IRI), како и обука за управување со квалитет во јавни институции и работеше на зајакнување на отпорноста против дезинформации организирана од Националниот демократски институт (NDI). Како член на работната група за родова еднаквост во рамки на проектот Жените водат (NDI) таа придонесе за промовирање на инклузивно управување и ангажман во политиката.

Митева е постојано ангажирана во политички дебати и форуми, со цел истражување иновативни решенија за клучните општествени проблеми, а нејзината посветеност кон континуираното учење и следење на политичките трендови е од огромно значење за нејзиното ефективно управување и служење на граѓаните, особено во областите на политиката и општествените науки, овозможувајќи подобро разбирање и пристап кон општествено одговорните прашања. Не ретко ги истакнува вредностите како интегритет и професионализам, кои ги смета за клучни во секојдневното работење и социјалниот ангажман. Со силна принципиелност, чесност и чувство за праведност, таа е целосно посветена на политиката и нејзино подобрување.

За портпарол на Влада е назначена и Венера Љатифи Азизи.

Венера Љатифи Азизи е поранешна уредничка и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М Телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 Телевизија, и други медиуми во земјата. Актуелно вработена во кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста и за поддршка на градоначалникот. Дипломиран политиколог во Универзитетот на Југоисточна Европа. Актуелно магистрант по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатланските интеграции на Северна Македонија“. Мажена, мајка на две деца.

Наум Стоилковски е именуван за Советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли.

Стоилковски е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Стоилковски има повеќедецениска долга и плодна медиумска и новинарска кариера во домашни и странски медиуми, каде што професионално се надоградува и извршува повеќе функции во медиумската сфера.

Во неговата кариера работел во пишани медиуми, дневни весници, неделници, работел како ТВ новинар, уредник на вести, продусер, уредник и водител на ТВ и радио емисии, како и на современите интернет медиумски содржини. Оженет, татко на две деца„, стои во соопштението.

Објавен извештајот: ДЗСИ со информации за починатото 14-месечно бебе

Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и приватната здравствена установа Ехолаб - ординација по општа медицина, во врска со третманот и лекувањето на починатото 14-месечно бебе од Скопје.

Во извештајот се посочува дека детето било однесено кај матичниот лекар на 30 септември со симптоми на повраќање при што е утврдено дека нема температура, а грлото му било лесно зацрвенето и аускултаторно без наод на белите дробови. Истиот ден, во попладневните часови детето е однесено на Детската клиника заради перзистирање на повраќањето каде е прегледено од дежурен лекар специјалист, кој ја потврдил дијагнозата од матичниот лекар, а  во специјалистичкиот извештај било наведено да се донесе наредниот ден на контрола и по потреба во секое време. 

Кај матичниот лекар, наредна посета била на 3 октомври заради, според изјава на родител, пролонгирано повраќање - најмалку два пати дневно и малаксалост. Повторно било прегледано со наод без температура, црвено грло, наод на бели дробови аускултаторно уреден. Заради перзистирање на состојбата со повраќање, истиот ден матичниот лекар креирал итен упат за Детската клиника каде е прегледано колу 15 часот и издадени се два упати за лабораторија и еден за гасни анализи.

- Истиот ден по добивање на резултатите повторно било прегледано од специјалист педијатар  и дополнително биле издадени упати за лабораторија и за РТГ дијагностика. При преглед наод на везикуларно дишење со пропратен наод на бронхитични хркулки обострано. РТГ  наодот  покажува нагласен броховаскуларен цртеж билатерално, хипобазално и корелира со аускултаторниот наод. Ординирана и терапија и пратено на домашно лекување, се наведува во извештајот на ДСЗИ.

На 4 октомври, самоиницијативно родителите го однеле детето во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ околу 11 часот, каде по преглед од страна на лекар специјалист педијатар, е задржано на болничко лекување заради поставена дијагноза - bronchiolitis acuta.

- Во текот на хоспитализацијата направени се следните испитувања: 4 ацидобазни статуси, јонограм, CRP-2,5 хепатограм, уринарен статус- (кетони и леукоцити), брз хроматографски тест за антиген детекција, RSV (negativen) гликемија, искашлок со за дренажен бактериолошки преглед РТГ  на бели дробови. Во тек на денот и покрај ординираната терапија се влошува здравствената состојба на детето заради што е префрлено на одделот за интензивна нега со зголемена кислородна поддршка. Поради прогресивно влошување на состојбата без одговор на дадената терапија, со прогресивен пад на кислородна сатурација, со клиничка и лабораториска слика на тежок респираторен дистрес, дежурните доктори стапиле во контакт со ИМП и со дежурен доктор на ЈЗУ УК детски болести и во 03.20 часот со возило на ИМП, пациентот е префрлен на ЈЗУ УК детски болести. Испис на 5 октомври со дијагноза pneumonia massiva, bronchitis obstruens во напад, се додава во извештајот.

Приемот на Детската клиника бил во 03:38 часот со Дг I 18 – pneumonia.

- Хоспитализирано во 03.47 на одделение за интензина нега и терапија.  Со оглед дека било во исклучително тешка здраствена сосотојба побарано е и  стварен контакт со ЈЗУ ИК ТОАРИЛУЦ -ОЕ КАРИЛ заради поставување на асистирано дишење . Од страна на анестезиолог е издаден изештај дека е пристапено кон реанимација, без успех и настапува  смртен исход, Исписна дијагноза  e Bronchopneumonia obstructiva, Exitus letalis  во 04.20 минути, се појаснува во извештајот.

Телото било предадено на обдукција на Институт за судска медицина, криминологија и деонтологија. Од страна на ДСЗИ се иницира формирање на Комисија за стручен надзор.

Возач прегазил старица во центарот на Скопје, па избегал

85-годишна скопјанка вчера попладне била прегазена од возач кој избегал од местото на несреќата.

- На 07.10.2024 во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје. Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Популарно