Трагедија: Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник загина додека негов врсник се здобило со тешки телесни повреди. Во несреќата учествувало возило „бмв” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха”.

„Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален  пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл  „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16-годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираше полицијата.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.

Сите студенти ќе добијат ваучер за набавка на електронски уред, преговорите со ИТ компаниите треба да завршат до крајот на годинава

Електронските уреди што треба да ги добијат сите студенти ќе се обезбедат преку ИТ компаниите, а преговорите со нив веќе се отпочнати и се очекува да завршат до крајот на годинава. 

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција појасни дека секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на електронски уред. 

-  Целта е да се изнајде решение со кое компаниите ќе ги обезбедат електронските уреди, а исплатата ќе биде извршена преку ваучерите кои ќе бидат наменети за сите студенти. Воведувањето на оваа мерка со која на сите студенти ќе им обезбедиме ваучер од 250 евра специјално за купување електронски уреди е дизајнирана да обезбеди сите студенти да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет, рече Митева.

По финализирањето на преговорите со ИТ компаниите, од Владата најавуваат повеќе детали како ќе се одвива целиот процес. 

Покрај ваучери, како што посочи Митева, Владата ќе обезбеди и финансиска поддршка од 30.000 евра за отворање бизнис на млади. 

ЕСМ Снабдување со топлина со апел до потрошувачите за навремена подготовка за непречена испорака на топлинска енергија

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска преку соопштение апелираше до потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација, а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

- Согласно податоците во Центарот за грижа на потрошувачи, во моментов има 170 затворени објекти, од кои 27 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 43 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица и 100 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешната инсталација на објектот, наведуваат во соопштението.

Потенцираат дека соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни со цел да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.

ЕСМ

Почина Игор Лазарев, советник во општина Центар и претседател на огранокот на Социјалистичката партија

Од Социјалистичката партија на Македонија соопштија тажна вест - почина Игор Лазарев (1977 - 2024).

Тој беше член на Претседателството на Социјалистичката партија на Македонија, претседател на ОО СПМ Центар и член на Советот на Општина Ценатар.

- Не напушти нашиот Игор ... Топол, искрен, непосреден, мудар и неуморен борец и посветен социјалист. Голема загуба за Партијата. Искрено сочувство за неговите најблиски за ненадоместивата загуба и големата болка. Вечна му слава! - се наведува во објавата од партијата. 

Популарно