ЈСП: Бесплатен јавен превоз од 18:00 до 02:00 часот по полноќ

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје ги информира граѓаните дека денеска, по повод одржувањето на годинешното издание на манифестацијата „Бела ноќ“, јавниот градски превоз ќе биде бесплатен. Превозот ќе биде достапен без надомест за сите патници во периодот од 18:00 часот до 2:00 часот по полноќ.

Манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се одржи на повеќе централни локации низ Скопје, а бесплатниот превоз е обезбеден со цел да се олесни движењето на граѓаните низ градот за време на настанот.

Почина 14-месечно бебе на Детската Клиника, неколку пати било враќано дома пред да биде хоспитализирано

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје, починало 14-месечно женско бебе, дознава ,,Слободен печат”.

Од извори на „СП“ се дознало дека пред да го примат бебето во Клиника тоа неколку пати е одбивано за хоспитализација. Родителите на крај го однеле во Клиниката Козле, од каде состојбата му се влошила и дури тогаш било примено во одделението за интензивна нега на Детската Клиника. Тоа за Слободен печат, освен дел од вработените, го потврди и таткото на починатото девојче, Р.С.

Таткото вели дека поседува видео снимка од доктор која ја снимил ноќеска во Детската Клиника, на која го прашува докторот дали за неговото дете имало спас, доколку било навремено хоспитализирано, на што докторот му дал потврден одговор. Таткото бил исклучително вознемирен и како што и самиот ни кажа, утринава го скршил компјутерот со глава на Детската Клиника после што дошла и полиција. Според неговите зборови наишол на разбирање од полициските службеници, бидејќи и тие прашале зошто бебето навремено не било хоспитализирано.

Таткото во телефонски разговор со Слободен печат додаде дека телото на бебето е дадено на обдукција и дека по судски пат ќе ги гони одговорните за оваа трагедија. Извори од клиниката неофицијално велат дека бебето било примено силно тахикардично, со 70 проценти сатурација, а дадената дијагноза била бронхолитис, односно бронхопневмонија масива.

Тој додава дека кога ќе заврши обдукцијата ќе поведе правна постапка.

Дете почина во Гостивар додека тренирало фудбал

Малолетно дете почина дека тренирало фудбал на терен во Гостивар. Најпрво му се слошило па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар без знаци на живот.

„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот.Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.

Популарно