Ќе има протестен марш - Попладнево посебен сообраќен режим во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (15.10.2024) во периодот од 15.00 до 17.00 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Tинејџерката починала по вадење заб во Сараево, следеле компликации по операцијата

Тинејџерка (16) од Сараево починала по стоматолошка операција во Сараево во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а според досега познатите информации таа во придружба на родителите побарала стоматолошка помош поради интензивна забоболка.

По операцијата следеле компликации, поради што била примена на Одделот за интензивна нега. По вадењето на забот, ситуацијата брзо се влошила бидејќи гнојот од забот се проширил по вратот и предизвикал сериозна инфекција која резултирала со развој на сепса.

Обдукцијата ќе ја открие точната причина за смртта. За случајот е информирано Обвинителството на кантонот Сараево.

„Постапката е во тек, се вршат проверки, односно се преземаат дејствија за проверка и утврдување на сите околности на смртта. Со оглед на тоа дека се работи за малолетно лице, Обвинителството не може да даде повеќе информации“, изјавија од обвинителството.

Видео: Превртено и запалено возило, после мостот Гоце Делчев во Скопје

Превртено и запалено возило, после мостот Гоце Делчев на патот кон Т.Ц. Мавровка го отежнува вечерва сообраќајот во овој дел од Скопје.

Од МВР се уште  нема информации за несреќата, за тоа што точно се случило и дали има повредени и жртви.

На терен се полициски и амбулантни возила.

Извор: telma.mk

Популарно