На кеј на Вардар, во Градски парк, Бит пазар... Каде се „кријат“ дилерите низ Скопје?

Полицијата и во изминатото деноноќие апсеше за дрога низ цело Скопје. 

- Денеска (16.10.2024) во 03.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.

- Денеска (16.10.2024) во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. 

- Денеска (16.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

- На 15.10.2024 во 17.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

- На 15.10.2024 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и таблети. 

- На 15.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на кеј на река Вардар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следуваат поднесоци против сторителите. 

Двајца во притвор, еден во бегство – поднесена кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.

За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“. 

Александар од почеток велел дека џабе се бара Вања и дека е убиена, сведочи началникот Каришиќ од МВР

Денеска продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Сведочеше полицаецот Музафер Каришиќ кој учествувал во потрагата на денот кога Вања била пријавена за исчезната.

Тој рече дека иако сакал да учествува во пребарувањето, сепак, таткото цело време седел во автомобилот и велел дека неговата ќерка е убиена.

- Со роднина од кај мајката тргнавме да пребаруваме. Мајката рече дека има стан во Капиштец, но таа немала клучеви од тој стан. Тогаш Александар рече дека веќе бил таму. Иако претходно сакаше да се бара и врши потрага по девојчето. Станот беше во Капиштец, влеговме во подрумските простории, гаражата, се качивме со лифт во зградата, станот го отворивме со клучеви, баравме дали има некакви детали, но Александар цело време велеше дека ќерка му е киднапирана и бараше да се преземат други мерки. Тоа траше 5-10 минути во станот, баравме да не се сокрило девојчето некаде, потоа се вративме во возилото. Јас се јавив и барав информации кој дел не е пребаран, ми кажаа дека Капиштец, и ние тргнавме да пребаруваме. По пат таткото цело време по пат велеше дека џабе бараме, џабе губиме време. Пребарувавме и скривници, цел регион го баравме, не констатиравме ништо…“, рече Каришиќ, и додаде:

- Тогаш се запрашавме зошто таткото не излезе од возилото. Бидејќи ние пребарувавме само јас и роднината од кај мајката на девојчето. Откако се вратив во возилото повторно го прашавме, зошто не дојде, тој повторно ми рече: Џабе бараме, таа е убиена, џабе трошиме време. Јас предложив да одиме до Средно Водно, отидовме, цело време велеше таткото „ајде да бараме“, а потоа велеше „џабе бараме“. Пребарувавме низ напуштен хотел, црквата, но и таа акција беше неуспешна, па се вративме во возилото и се вративме назад во полицискста станица каде беа мајката и другата ќерка“, кажа тој.

Обвинителот потоа праша дали таткото навел некоја причина зошто таткото мисли така.

- Го прашувавме зошто, дали има долгови, дали е некој функционер, зошто не помислува на нешто друго, на пример дека девојчето е во пубертет затоа што е 14-годишна и дека може нешто друго да се случи. Мајката беше умерена. Ние ја прашавме дали Александар секогаш вака се однесува, и таа немаше одговор. Ја прашавме и мајката дали има долгови… Не, не, не… Ни беше чудно зошто таткото имаше помисла дека е убиено детето, а немаше нешто друго…, рече Каришиќ.

Популарно