Граѓаните заинтересирани за вакцинација против сезонски грип, пријавени 52 илјади лица

Министерството за здравство информира дека на сајтот vakcinacija.mk досега се пријавени над 52000 лица, што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонски грип. Од министерството посочуваат дека во привите два дена на пунктовите за вакцинација се вакцинирале 8800 лица.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

На зградата на градската управа во Сплит ќе биде поставена спомен плоча на Сашко Гешовски

На зградата на градската управа во Сплит ќе биде поставена спомен плоча на Сашко Гешовски, македонски војник на ЈНА кој беше убиен на големиот протест на 6 мај 1991 година пред зградата на Бановина, пишува порталот Далматински.

Ова го одлучи Комисијата за именување улици и плоштади на седница. Одлуката мора да биде потврдена од Градскиот совет. Ако зависи само од мнозинството, ќе помине непречено бидејќи помина и на Комисијата со осум раце поддршка, членови на Центарот Ивица Пуљка.

На седницата минатата година беше одлучено несреќниот млад човек да добие спомен плоча, но тогаш беше спорно името на неа на која пишуваше „Сашко Гешовски, невина жртва на протестите одржани на 6.5.1991 година“.

Предлогот дојде од активистот Марко Гај, кој со години се борел за обележјето. Тогаш не беше постигнат консензус околу натписот, беше констатирано дека може погрешно да се протолкува, па се бараше компромис. Се чинеше дека е пронајден во натписот „Сашко Гешовски, Кавадарци, 31 октомври 1971 година – Сплит, 6 мај 1991 година. Случајно починал на 6 мај 1991 година“. Но, не беа сите задоволни, двојазичниот знак е спорен (од десничарските опции) како и локацијата, т.е не сакаат да биде на зградата на Бановина, туку во парк.

Ограбена фирма за брзи кредити во Скопје, разбојници упаднале со пиштоли и одзеле 5000 евра

Вчера е ограбена филијала на финансиско друштво за брзи кредити, лоцирана на булевар „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ и Бит-пазар.

Разбојниците упаднале со огнено оружје, а според информациите кои ги објави ТВ21, однеле околу 300.000 денари.

Популарно