(Фото) Уапсен е раперот Таско, бил вмешан во криминална група

Вчера од страна на полицијата бил уапсен раперот Христијан Тасковски – Таско.

Оваа информација на својот Фејсбук профил ја сподели неговиот брат Борис Тасковски кој вели дека раперот бил уапсен во еден наш трговски центар поради вмешаност во криминална група.

„Сакам да ве известам дека мојот брат вчера е уапсен во еден наш трговски центар поради негова наводна вмешаност во криминална група. Пред малку успеав да се слушнам со него и ми кажа дека му е одземен мобилниот телефон. Ова е последна слика што ја направил наш заеднички другар што бил со него околу 22 часот… Се надевам дека наскоро ќе добијам повеќе информации и дека за кратко ќе биде ослободен“, пишува Борис Тасковски.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Популарно