Македонија повторно нема да учестува на Евровизија 2025

Македонија официјално се повлече од Евровизија 2025 и со тоа ја одбележа и третата година неучество од ова натпреварување.

Националната телевизија МРТВ го објави буџетот за 2025 година и како што пренесоа некои од медумите но и Eurovisionfun не се предвидени средства за овогодишно учество на Евровизија.

Македонската телевизија по се нема намера да брзо враќање на ова натпреварување од причина што финансиската ситуација во националниот сервиз не е на завидно ниво. Но ова што е сигурно е дека МРТВ ќе продолжи со учество во детската Евровизија, кое е натпреварување кое бара помали финансиски средства.

Од Балканските држави, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија и Црна Гора се враќаат по две годишна пауза и ќе партиципираат на Евровизија 2025 година. Некои од овие држави се соочуваат со финансиски предизвици што се доведува во прашање нивното идно учество. Романија и Бугарија сеуште остануваат несигурни во нивното учество на овогодишеното учество на Евровизија.

Последен претставник на Македонија на Евровизискиот спектакл беше Андреа во 2022 година со нејзината песна „Кругови“ која го освои 11 место во полуфиналето што не беше доволно за пласман во финалното натпреварување.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

. Зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, но со студени бранови и загаден воздух

Зимата што претстои се очекува да биде за околу еден степен потопла од повеќегодишниот просек, но со повремени студени бранови и изразена временска променливост, покажуваат најновите климатски очекувања. Според анализата на професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски, не се прогнозираат долготрајни екстремни студови, туку претежно умерено топло и динамично време.

Студени периоди со температури под нормалата се најавуваат од крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари. Во Скопје и Штип средните зимски температури ќе се движат меѓу 1 и 4 Целзиусови степени, додека на планините од 0 до -3 степени.

Според анализата, бројот на мразни денови ќе изнесува од 30 до 55 во низините и од 60 до 75 на планините. Ледените денови ќе бидат релативно ретки во низинските предели (од 5 до 15), но значително почести на планините, каде се очекуваат од 25 до 40 такви денови.

„Студени бранови со температури околу или под нормалните се најверојатни кон крајот на декември до средината на јануари и повторно кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови“, наведуваат Спиридонов и Милевски.

Професорите предупредуваат и на зголемен ризик од магла и температурни инверзии во периоди со стабилно антициклонално време. Во вакви услови се очекува значително влошување на квалитетот на воздухот, особено во Скопската, Полошката и Струмичката котлина.

„Во целина, зимата 2025–2026 ќе биде потопла од просекот, динамична и со изразени краткотрајни зимски настани. Главните ризици ќе произлегуваат од временската променливост, кратките интензивни врнежни епизоди, снежните бури во планините и епизодите со многу лош квалитет на воздухот во котлините“, оценуваат климатолозите.

„Тошковски: Системот Безбеден град“ ќе регистрира прекршок при брзина од 57 км/ч во зона со ограничување од 50 км/ч

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја објасни примената на системот за видео-надзор „Безбеден град“, појаснувајќи како ќе се откриваат и евидентираат сообраќајните прекршоци со автоматски камери.

Според Тошковски, камерите нема да прикажуваат прекршок веднаш штом брзината ја надмине дозволената, туку ќе важат исти правила за толеранција како и кај класичните полициски радари. Тоа практично значи дека ако на место каде што е ограничено 50 км/ч, возилото се движи со 57 км/ч, системот ќе регистрира прекршок; додека доколку возите со 56 км/ч, нема автоматски да се констатира прекршок.

Тошковски појасни дека овие правила за толеранција, кои се веќе дефинирани во метролошките регулативи, ќе останат како што се досега и ќе се применуваат и преку „Безбеден град“. Тој додаде дека системот е усогласен со експертски мислења и има цел да обезбеди правично и правно издржано мерење на брзината. 

Министерот најави дека наскоро ќе биде пуштена дигитална платформа преку која граѓаните ќе можат да проверат на кои критични локации се поставени камерите за мерење на брзината и камерите за детектирање на минување на црвено светло, како и да ажурираат контакти поврзани со системот. 

Тошковски исто така наведе дека службените возила ќе бидат исклучок од автоматското регистрирање прекршоци само кога се во оправдани оперативни ситуации, но во други случаи ќе важат истите правила како за сите други учесници во сообраќајот. 

Проектот „Безбеден град“ е дел од пошироките напори за зголемување на сообраќајната безбедност и почитување на правилата на патот, со цел намалување на несреќи и жртви. 

Популарно