Македонците со 45,4 отсто се рекордери по бројот на пушачи на цигари покажуваат податоците од Инстутот за јавно здравје.
Во последните години имало и такви што пробале да се откажат од пушењето и тој број е пет отсто.
Во советувалиште за одвикнување од цигарите се јавиле само 43 лица и според ИЈЗ нема голема заинтересираност за откажување од пушењето.
Најголемите и најзастапени ризик-фактори според ИЈЗ кај речиси сите видови хронични незаразни заболувања, употребата на тутун сериозно придонесува кон нарушувањето на општото здравје на популацијата. Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања можат да се јават како последица од редовна употреба на тутун.
За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4 отсто, а во светот 17 отсто од населението. Просекот на возраста на која младите почнуваат со пушење изнесува 13,5 години.