Сообраќајка во Сарај, настрада млад мотоциклист

Млад мотоциклист е тешко повреден при судир со возило во Сарај.

- На 29.10.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„Дарданиа“ и ул.„4“ во село Сарај, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „митсубиши“ со италијански национални ознаки, управувано од Н.И.(45) од с.Сарај, скопско и мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(20) од село Крушопек, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

Христијан Мицкоски: СДСМ и ДУИ незаконски ме следеле мене и ВМРО-ДПМНЕ со дронови

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања, потенцираше дека кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови, но им порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале.

„До поранешниот министер за внатрешни работи кој е тука, до него не допираше гласот, но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е се во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа? И сега се уплашени и од свиркачи добиваат информации, за сето тоа што мора да има одговорност“, изјави премиерот одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Венко Филипче.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека кога ќе дојде редот за одговорност, јавноста ќе дознае, но Владата нема да прави од тоа театар како што правеше претходната власт, од систем кој е од витално значење за државата.

„Сето тоа ќе биде презентирано на затворена седница и сето тоа да се декласифицира. Вие го следевте лидерот на опозицијата со дронови, сега пишуваат анонимни писма, колку сакаат нека пишуваат нема спас, не им бега одговорност“, изјави Мицкоски.

Малолетник и уште тројца скопјани вчера настрадале од кучиња скитници

Четворица скопјани вчера биле нападнати од улични кучиња низ Скопје. 

На 30.10.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Центар, К.Д.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Елисие Поповски Марко“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 30.10.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.С.(69) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 30.10.2024 во 22.10 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ш.(43) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 30.10.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Ј.Н.(49) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.

Популарно