Малолетничка возела „мерцедес“ и се судрила со „дачија“ - Повредени се две деца

Три лица се повредени вчеравечер во сообраќајната несреќа што се случи околу 20 часот и 15 минути на автопатот Тетово – Гостивар на три километри од тетовската наплатна станица за патарина.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „дачија“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовски Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово, информираа од СВР Тетово.

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Тетово – Гостивар од 20:30 часот сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента. 

Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина

На 01.01.2025 во 19.40 чaсот во Полициската станица Гевгелија бил задржан Д.П.(25) од с.Вранештица, кичевско, поради основано сомнение дека околу 12.00 часот во близина на границата со Грција, со патничко возило превезувал пет лица-мигранти од Кина. Д.П. бил лишен од слобода, а мигрантите биле пренесени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. 

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно

Службата за општи и заеднички работи на Владата во моментов врши анализа на условите за изградба на втората фаза на жичарницата на Водно која би требало да тргне од Капиштец и да се спои на средно Водно со линијата која е веќе во функција. Истовремено, оттаму додаваат дека се анализираат и условите за доградба на двете згради за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура кои повеќе години стојат недопрени во дворот на скопскиот универзитет.

Директорот Ивица Томовски вели дека  затекнати се запуштени објекти сопственост на државата и се преземаат активности за надминување на состојбите.

Како што информира СОЗР, направен е анекс на проектот за реконструкција на Палатата АСНОМ, се преземаат мерки за заживување на комплексот „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници.

Оттаму додаваат дека за годината што следи, воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивните патувања во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.

Македонски државјанин пронајден мртов во Италија

Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“.

Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но дека никогаш не правел проблеми.

На 1. јануари околу 16 часот, случајни минувачи го забележале неговото безживотно тело, по што била алармирана итната помош, кои само констатирале смрт.

Надлежните се обидуваат да ги разјаснат причините за смртта. Човекот никогаш не покажал очигледни знаци на здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба.

Популарно