Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје поради трагедијата во Нови Сад

Познатата српска пејачка и миленичка на публиката Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје во знак на солидарност со семејствата на загинатите во Нови Сад.

- Толку сум уморна од снимање вакви пораки. Веќе не знам ни што да кажам, ме болат градите, се чувствувам ужасно. Нема доволно голем збор да изразам колку ми е жал за се што се случи во Нови Сад. Срцето ми е со секој член на семејствата на било кој што загинал, или се бори за живот или на кој било начин е загорзен од тоа, рече Марија во своето видео-обраќање на Инстаграм.

- Поради тоа што во мојата земја Србија е Ден на жалост, донесов одлука да не пеам во Скопје. Апелирам до моите фанови да ја разберат мојата одлука, важно е само да сме добро, да сме живи и здрави, секогаш ќе има пеење, порача Шерифовиќ видно тажна и потресена од трагедијата. 

Концертот е презакажан за 10.ноември на истата локација. 

Подготвени сме да одиме на предвремени избори, вели лидерот на СДСМ

СДСМ е подготвен за предвремени избори, рече лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција.

Филипче беше прашан за понудата на премиерот за предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

„Тоа што има најава за предвремени избори само 3 месеци по формирањето, значи дека на Владата навистина не ѝ оди. Теренска анкета покажува дека над 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Граѓаните не се задоволни и од животниот стандард. Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно“, додаде Венко Филипче. 

(Фото) Стефан Лазаров доживеа уште една семејна трагедија

Јутјуберот Стефан Лазаров доживеа семејна трагедија. На Фејсбук објави дека починал неговиот вујко.

„Изгледа во животот кога ќе тргне на лошо тргнато е. Ова утро ме разбуди информација дека вујко ми Никола Славковски починал од срцев удар. Почивај во мир вујче“, напиша Лазаров.

Вчера јутјуберот му посвети емотивен поткаст на неговиот пријател и колега Зоки Фаци со кој заедно го започнаа поткастот „Без лимит“ каде водители беа и двајцата.

18-годишна девојка тешко повредена, излетала со „сеат“ од коловоз

Млада девојка е тешко повредена откако со возило излетала од коловоз во гевгелиско.

- На 03.11.2024 во 13.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на локален пат с.Стојаково – с.Богородица, гевгелиско,  патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(18) од село Стојаково, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Д., констатирани во Медицински центар Гевгелија, информираа од полицијата. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија. 

Популарно