Скопјанец со автомобил удрил и усмртил жена па избегал од местото на настанот

Во СВР Скопје вчера во 17.25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во населеното место Марино, скопско, патничко возило „Хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С. (46) од населба Илинден, скопско, удрило во пешакот В.Н.(78) од Марино, а потоа со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата од здобиените тешки телесни повреди на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Полициски службеници од Полициското одделение Петровец по преземени мерки го пронашле возачот и сопственикот на патничкото возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Трамп тврди дека ќе признае пораз доколку изборите бидат фер

Доналд Трамп, републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, денеска изјави дека би бил подготвен да признае пораз доколку изборите бидат фер.

„Ако ги загубам изборите, ако изборите бидат фер, јас ќе бидам првиот што ќе го признае тоа, мислам дека тоа би било фер“, рече Трамп, додавајќи дека е многу уверен во својата победа.

Трамп додаде дека „републиканците имаат големо водство“.

Меџити: Проработе свеста кај градоначалниците - има крупни проекти за животната средина

Во денешното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити истакна дека 40% од проектите со кои аплицирале општините за искористување на 100 милиони евра од Владата се во делот на животната средина.

На прашање за тоа дали Владата знае за какви проекти станува збор, Меџити изјави „За секоја општина, се работи за крупни и важни проекти. Самиот факт што 40% од проектите се за животна средина кажува дека свеста проработела кај градоначалниците, Владата и граѓаните и се дава приоритет на такви проекти“.

ВИДЕО: Хаос на патот Велес-Скопје: Се запали автомобил

На автопатот Велес-Скопје, попладнево избувнал пожар на автомобил кој се движел по правецот од Велес кон Скопје.

Според првичните информации, возилото се запалило нешто после 17 часот, во близина на придружницата на „Македонија пат“ во Велес.

На терен се упатени екипи за брза интервенција, а сообраќајот во тој дел од автопатот се одвива со застој поради безбедносните мерки.

Причините за пожарот сè уште не се познати, а нема информации за повредени лица.

Популарно