(Фото) Стефан Лазаров доживеа уште една семејна трагедија

Јутјуберот Стефан Лазаров доживеа семејна трагедија. На Фејсбук објави дека починал неговиот вујко.

„Изгледа во животот кога ќе тргне на лошо тргнато е. Ова утро ме разбуди информација дека вујко ми Никола Славковски починал од срцев удар. Почивај во мир вујче“, напиша Лазаров.

Вчера јутјуберот му посвети емотивен поткаст на неговиот пријател и колега Зоки Фаци со кој заедно го започнаа поткастот „Без лимит“ каде водители беа и двајцата.

Сообраќајка на Партизанска: Мотоциклист е тешко повреден, другиот возач избегал

Мотоциклист е тешко повреден при судир со возило на Партизанска.

- На 10.12.2024 во 08.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.З.(41) од Скопје, по што возачот со патничкото возило го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

Обвинителството оформи предмет против Груби и Беџети за поткуп и трговија со влијанија

На денешниот брифинг со новинарите Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет против Артан Груби и против судијата Енвер Беџети откако беа ставени на црната листа на САД и откако амбасадорката Анџела Агелер повика надлежните да ги испитаат наводите за вмешаност во корупција.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски истакна дека уште вчера е оформен предмет против двајцата.

„Уште вчера оформив предмет да се обидеме да обезбедиме докази да ја провериме кривичната одговорност на лицата кои се доведуваат за поткуп и трговија со влијанија. Обвинителстово ќе достави нредби за понатаму. Сакам да нагласам дека соработката со САД и амбасатада е одлична и тие ни помагаат во борбата со корупцијата“, рече Коцевски.

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен

Цената на становите во Скопје достигна фантастични 3000 евра за метар квадратен. Ова според градежниците е сосема норманално зошто според нив се додека има интерес ќе расте и цената со можност за нејзино стабилизирање но не и намалување.

Од ССМ велат дека не ги оправдуваат овие цени на становите посебно не во Скопје зошто на овој начин цените се далеку од реалните и далку од нормалните кои треба да ги има овој пазар. Од ССМ велат дека градежниците манипулираат со цените на становите, но и дека нивните трошоци не се зголемени за 40 отсто за да биде и волку висока цената на квадратот во Скопје.

Неодамна и од Владата најавија дека ќе се обидат да ја спуштат цената на квадратот преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое ќе почне со изградба но и продажба на згради се со цел да се намали цената. Од Владата се надеваат дека ваквиот потег сериозно ќе го регулира пазарот на недвижности.

Во меѓувреме, официјалните податоци на Државниот завод за статистика велат дека расте бројот на издадени одобренија за градење и тоа за 12 отсто во октомври годинава во однос на истиот период лани. А според податоците од последниот попис во земјава, секој трет стан во Скопје е празен. Овој податок покажува дека и натгаму купувањето на недвижности е еден од најсигурните начини на инвестирање на парите, но до кога тоа ќе биде исплатливо останува да видиме.

Извор: СкопјеИнфо.мк

Популарно