„Мерцедес“ излета од патот кај клучката Миладиновци, три млади девојки се повредени

Во СВР Скопје вчера во 08.50 часот било пријавено дека на автопатот Гоце Делчев, кај клучка Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(61) од Берово, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатничките М.С.(24) и М.Д.(24), двете од Берово и М.Ш.(20) од Пехчево, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Почина петгодишно дете на Детската клиника, било хоспитализирано поради силна главоболка

Почина петгодишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести.

Девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.

Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега.

Била направена и интубација, но и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит.

Завчера е констатирана смрт.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.

За 14 месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател Емануел Макрон. Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија, објави вечерва на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.

-Денеска во Будимпешта, во присуство на Европската политичка заедница, имавме квалитетен работен ден што изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, изјави Мицкоски.

Тој информира дека за време на средбите, ги презентирале нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина, како што рече, она што е важно, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат. 

-Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувстуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна, европска приказна, а нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде, и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски. 

Путин му честиташе на Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, јавија руските медиуми.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам (Трамп) за неговиот избор на функцијата претседател на САД“, рече Путин за време на говорот на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.

„Зборовите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за украинската криза заслужуваат внимание“, рече Путин.

„Она што беше кажано од Трамп за желбата да се обноват односите со Русија, да се придонесе за решавање на украинската криза, ми се чини дека заслужува барем внимание“, рече рускиот лидер.

Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“ е здружение на водечки странски и руски експерти од областа на политичките науки, економијата, историјата и меѓународните односи.

Клубот е создаден во септември 2004 година на иницијатива на агенцијата РИА Новости, Советот за надворешна и одбранбена политика, списанието „Русија во глобални работи“ и Русија профил.

Валдаи е една од водечките светски платформи за интеракција помеѓу руската и меѓународната интелектуална и политичка елита.

Популарно