Издрогиран скопјанец прегазил жена и ја усмртил, избегал и се обидел да го прикрие стореното

Поведена е истражна постапка против скопјанец поради сомнеж дека сторил кривично дело: Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2, а во врска со член 297 став 1, но и кривично дело - Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода според член 301 став 2 од Кривичниот законик.

Имено на 2 ноември, 46-годишен скопјанец го управувал своето возило „хонда“ под дејство на дрога со брзина поголема од дозволената во селото Марино. Кога се доближил до раскрсница меѓу две улички не забележал дека на коловозот има жена-пешак. Неможејќи навреме да запре, со автомобилот удрил во телото на жената, која се здобила со тешки телесни повреди и починала. Осомничениот, по несреќата, веднаш го напуштил местото на настанот и се обидел да го прикрие стореното кривично дело.

Против обвинетот од страна на Јавниот обвинител е доставен предлог за определување мерка притвор.

Чудо во Лешани: Се појави крст на небото

Во селото Лешани, општина Дебрца, се појави интересна појава која го привлече вниманието и восхитот на жителите. На небото над селото, рефлексијата на ниските облаци создаде сенка во форма на крст, што многумина го толкуваат како знак на божја присутност.

Оваа ретка глетка ги потсетува луѓето на значењето на верата и ја нагласува убавината на природата што секогаш носи нови изненадувања. Дали е чудо или случајност, секој ќе одлучи според сопствените верувања, но едно е сигурно Господ е со нас Македонците.

Двапати заѕвони ѕвоното на Детската клиника – Ана и Вукашин ја победија болеста

Денешни херои се две деца по име Вукашин и Ана кои лавовски ја победија болеста и заѕвонеа на ѕвончето во Детската клиника.

На Фејсбук профилот на Бранка Столиќ се споделени емотивни фотографии и видеа снимени вчера (25.12) на Детската клиника.

Според информациите, нејзиниот син Вукашин, заедно со својата пријателка Ана, заѕвонија на ѕвончето во клиниката – симбол на успешно завршената борба против ракот.

Мицкоски: Ќе има и други случаи - јавноста ќе дознае кој ги крадел

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.

„Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба толкава количина за набавка на истите, туку и цените се надвор како што велат правниците правило на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и за осомничениот кој не е достапен на органите на истрагата дека еден ден ќе биде достапен и ќе одговара, бидејќи како што посочи по седум години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување на вистински ремонти туку со шпекулативни во смисла на нестручно и ненавремено.

„Би сакал да напоменам дека на тој начин што се несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и индиректни десетици илјади кои работат во компании кои соработуваат со АД ЕСМ“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.

„На владина седница одглавивме два проекти, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекти се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен ако направите математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365 дека туку 450 или 500 дена, се побивани законите на физиката и би сакал во доказна постапка ако се отвори случај да ги слушнам кои им се објаснувањата“, рече премиерот Мицкоски.

Популарно