Починат маж на пешачката патека на кејот на Вардар во Скопје

Мртов маж во моментов лежи на пешачката патека на кејот на Вардар.

Нашиот репортер од терен вели дека веројатно станува збор за некој што излегол на џогирање, имајќи предвид дека е во спортска опрема.

На местото веднаш пристигна полицијата која го покри телото. 

До овој момент нема информации што точно се случило и како мажот завршил мртов на патеката. 

Наша екипа е на терен, очекуваме повеќе информации

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател Емануел Макрон. Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија, објави вечерва на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.

-Денеска во Будимпешта, во присуство на Европската политичка заедница, имавме квалитетен работен ден што изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, изјави Мицкоски.

Тој информира дека за време на средбите, ги презентирале нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина, како што рече, она што е важно, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат. 

-Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувстуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна, европска приказна, а нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде, и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски. 

Путин му честиташе на Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД, јавија руските медиуми.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам (Трамп) за неговиот избор на функцијата претседател на САД“, рече Путин за време на говорот на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.

„Зборовите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за украинската криза заслужуваат внимание“, рече Путин.

„Она што беше кажано од Трамп за желбата да се обноват односите со Русија, да се придонесе за решавање на украинската криза, ми се чини дека заслужува барем внимание“, рече рускиот лидер.

Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“ е здружение на водечки странски и руски експерти од областа на политичките науки, економијата, историјата и меѓународните односи.

Клубот е создаден во септември 2004 година на иницијатива на агенцијата РИА Новости, Советот за надворешна и одбранбена политика, списанието „Русија во глобални работи“ и Русија профил.

Валдаи е една од водечките светски платформи за интеракција помеѓу руската и меѓународната интелектуална и политичка елита.

Бајден вети мирен трансфер на власта

Американскиот претседател Џо Бајден вети „мирно и организирано“ предавање на власта на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Во својот говор од Белата куќа, претседателот од Демократската партија ја истакна потребата од намалување на политичката тензија во земјата. Ова е прв говор на Бајден по објавувањето на победата на Доналд Трамп.

„Не можеш да ја сакаш својата земја само кога победуваш. Не можеш да го сакаш ближниот само кога си со ист ум. Една работа се надевам дека можеме да направиме е да се гледаме не како непријатели, туку како Американци. без разлика за кого гласавте“, нагласи тој во говор од пред Белата куќа.

„Американскиот изборен систем е фер, праведен и транспарентен. Може да и се верува без разлика дали ќе изгубите или ќе победите“, додаде Бајден.

„Во демократијата, волјата на народот секогаш преовладува“, додаде американскиот претседател на почетокот на својот говор.

Тој оцени дека кандидатката на Демократската партија на изборите и актуелна потпретседателка на САД, Камала Харис водела добра кампања и дека треба да се гордее со неа.

Популарно