Почина петгодишно дете на Детската клиника, било хоспитализирано поради силна главоболка

Почина петгодишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести.

Девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.

Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба и се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега.

Била направена и интубација, но и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит.

Завчера е констатирана смрт.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.

За 14 месечното девојче од Грчец се уште се води постапка за утврдување на евентуална лекарска одговорност, а за новороденчето од Струмица ДСЗИ согласно нивните надлежности не констатираше пропусти во лекувањето.

Реакција на Ампева на предлогот за укинување на „недела-неработен ден“: Феудализам во 21. век?

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) бара да се укине „недела-неработен ден“ за на тој начин да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време.

Активистката за работнички права Кристина Ампева бурно регира во интерес на работниците.

- Да се укине недела неработен ден, а младите ќе се врателе назад во Македонија. Оти младите сакаат да работат од понеделник до недела, оти младите немаат живот, треба да работат од јутра до сутра за вашите одмори, вили и луксузи, и на крај на година дај му К15, 1000 денари! Како бе ти текна вака паметна работа? Како бе вакви изјави давате, па после Цацко ви е крив што народот избега по белиот свет? - праша таа јавно на својот фејсбук профил. 

- До каде со вакви заостанати и феудалистички изјави? - додава Ампева. 

Таа алудира на зголемување на продуктивноста, модернизација, автоматизација, инвестиции, лојална конкуренција, борба против сивата економија, покачени плати и подобрени услови за работа, синдикално организирање.

- Не бе они, недела ќе ја правеле работен ден! Додека сум јас жива и здрава, нема никој да бутка закон за кој сум се изборила да го донесам и функционира! Толку!  - децидна е Ампева.

(Фото) Смртна закана по животот на министерот Фетаи: „За тебе куршум во глава шипо Фетаи“

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека добил смртна закана на својот службен мејл. Истакна дека пораката е со наслов „За тебе куршум во глава шипо Фетаи“, а внатре текстот е исто така со навредлива содржина.

Според Фетаи, ваквата закана доаѓа еден ден по неговата изјава за отстранување на дефиницијата од 20 проценти за албанскиот јазик. Тој информира дека за оваа закана веќе го известил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи, барајќи акција и зголемување на мерките за мое лично обезбедување. Се подготвува тужба, бидејќи заканите и екстремистите треба да го добијат одговорот што го заслужуваат, а тоа е затвор“, стои во објавата на вицепремиерот на социјалните мрежи.

Тој додал дека ги известува сите оние кои имаат „племенски начин на размислување“ дека нема таква моќ што ќе ги спречи од одговорноста што ја презеле како функционери на коалицијата ВЛЕН.

„Јас ги потсетувам сите дека албанскиот јазик не загрозува ништо и никого. Јазикот е богатство, средство за комуникација што служи за разбирање и соработка и затоа никогаш нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за овој тип на злосторници да ни се мешаат во работата“, навел Фетаи.

Популарно