(Фото) Несекојдневна појава - Мечка се спушти во населените места на едно кривопаланечко село

Мечка се спушти низ улиците, во близина на населените места, на едно кривопаланечко село. Оваа информација ја споделија од Ловното здружение „Славишко поле“.

- Ловци, ценети жители на општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е СТРОГО ЗАШТИТЕН вид на дивеч, трајно забранет за застрел! Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта! - соопштија оттаму.

Потсетуваат дека застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра.

Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата

На 20.10.2024 во семејниот дом во гостиварско, пријавениот се обидел со секира да ја нападне неговата сопруга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(54) од с.Леуново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.

СКОПЈАНЕЦ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Му избегале двајца работници од Бангладеш

Уште еден македонски газда остана без работниците од Бангладеш. Тие избегале, а случајот е пријавен во полиција. 

Во Полициската станица Центар, вчера во 10.10 часот, Ѓ.Т.(62) од Скопје пријавил дека двајца вработени во неговата фирма, А.М.Д.(37) и М.М.С.(36), двајцата од Бангладеш, со привремен престој во Скопје, се оддалечиле од местото каде што престојувале. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Вакви случаи имаше многу. Пред неколку месеци работници од Непал избегаа од државата. Потоа, имаше повеќе слични случаи.

Од македонски фирми избегаа работници од Непал и Багладеш. Пријавени беа бегства во Скопје, Прилеп, Пехчево, Охрид и други градови. Се смета дека тие заминуваат во други држави кои се дел од ЕУ, за да заработат повеќе. 

Пронајдено безживотно тело во Центар

На 14.11.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар бил пронајден починат А.С.(53) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Популарно