Земјотрес рано утрово стресе дел од земјава, најмногу почувствуван во Дојран

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 5 часот и 31 минута, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. 

Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот

Се одржа вонредната седница на Собранието на Град Нови Сад на која беше одбиен предлогот на опозицијата за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ поради трагедијата на Железничката станица.

Веднаш по почетокот на седницата имаше неколку инциденти, а во еден момент пред градското собрание се собраа граѓани кои се обидоа да влезат на седницата.

Предлогот за разрешување на Ѓуриќ поднесоа 30 советници на новосадската опозиција бидејќи сметаат дека и тој треба да сноси политичка и морална одговорност за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повреден.

Почетокот на седницата го одбележаа меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата.

-Трагедијата на железничката станица е резултат на катастрофалното управување со градот, каде што се гради без дозволи или се издаваат дозволи без институции. Наместо да го разбере барањето на граѓаните, Милан Ѓуриќ протестите ги оцени како вандализам. Покажа длабоко непочитување кон граѓаните. Власта предводена од СНС на чело со Ѓуриќ на мирните протести одговори со испраќање тепачи кои намерно ги провоцираа граѓаните. Напаѓани се средношколците, а професорите се изложени на мобинг, рече одборникот на „Крени-промени“ Стеван Бабиќ.

Тој додаде дека е скандалозно што човекот назначен од Градското собрание за директор на јавно претпријатие е означен како член на криминален картел за продажба на кокаин.

На крајот од дискусијата пред присутните во салата на Градското собрание се обрати градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

-Би сакал да свртам внимание на она што се случува додека ние овде дебатираме, а тоа го најавивме – вашата намера е насилно да влезете во Градското собрание, а потоа насилно да ја преземете власта. Не можете да дојдете на власт како што мислевте. Граѓаните не го заслужија ова, ниту тие што не избраа нас и вас. Но, вие го знаете само патот на улицата. И јас се уште тврдам дека власта може да се добие само преку избори, рече Ѓуриќ.

За разрешување на Ѓуриќ гласаа 25 советници, а 48 беа против. Владеачкото мнозинство со аплауз ја поздрави одлуката.

На сред гласањето имаше туркање и напната атмосфера. За време на дебатата, граѓани и активисти се обидоа да влезат во градското собрание, кога дојде до туркање и судир со силни полициски сили.

Медиумите јавуваат дека најмалку едно лице е повредено, а потоа и приведено од полицијата.

Граѓаните се собраа пред Градското собрание токму во моментот на падот на настрешницата во 11 часот и 52 минути, ја блокираа улицата пред собранието и со својата заглушувачка врева ја спречуваа советничката расправа.

Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец

Од Јавното претпријатие „Македонијапат“ вечерва информираат за намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри на патниот правец - крак Маврово - Бунец.

- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничувања. ЈП „Македонијапат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели, потенцираат од претпријатието.

Исто така, додаваат, на располагање се и фирмите со кои соработуваат, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци што поминуват низ клисури и усеци, можна била појава на поситни одрони.

Од ова претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. 

Загина градежен работник во Гевгелија

Млад градежен работник загинал денеска при извршување градежни работи во Гевгелија.

Градежниот работник Б.Б. (21) од село Орашац, кумановско, починал откако паднал од зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во истоимениот град, соопштија од полицијата.

Увид се врши на местото на несреќата, по кој ќе се знаат причините за смртта на работникот.

Популарно