Во Кривичен денеска пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 13:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ со дете-жртва.

Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата.

Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска.

На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

Дел од обвинетите се соочуваат со минимум тригодишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор. 

Притвор за Весиќ, Танасковиќ и 11 осомничени, по едно лице издадена потерница

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по распит на 12 осомничени за несреќата на железничката станица во тој град, донесе наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за приведување на 13 од нив, меѓу кои и едно лице кое е во странство, јави дописникот на МИА од Белград.

Меѓу нив се и министерот во оставка Горан Весиќ, поранешната министерка и в.д директорката на Железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, како и поранешниот директор на Железничката инфраструктура на Србија, Небојша Шурлан.

За сите нив е предложен притвор за да не се мешаат во постапката со влијание врз сведоци и соучесници, за да не го повторат делото, како и поради вознемирување на јавноста. Според осомничената Ј. С. М., покрај наведените основи, а поради тоа што е недостапна за органите на прогонот, по неа е предложено да се распише и потерница.

– Осомничените Ј. Т, Г. В, А. Д. и Н. Ш. сториле кривично дело тешко дело против општата сигурност од Кривичниот законик во врска со кривичното дело предизвикување општа опасност, а осомничените С. Н, М. Ј, Љ. М. М, М. С, Д. Ј, М. Г, З. С.

М, Ј. С. М. и Д. Т. сториле кривично дело тешко дело против општата сигурност од Кривичниот законик во врска со кривичното дело Непрописно и неправилно изведување градежни работи, се вели во соопштението на ВЈТ.

Вишиот суд во Нови Сад претходно и одреди притвор до 30 дена на Љ. М. М.

Порталот Нова економија пред два дена објави дека меѓу уапсените е и Љиљана Милиќ Марковиќ, која е потпишана како Главен проектант.

Таа воедно е предавач на Архитектонско-градежниот и геодетски факултет во Бања Лука.

Уапсен е и Слободан Наумовиќ од Сообраќајниот институт ЦИП, проектантот на изградбата на реконструкцијата и адаптацијата на зградата на станицата во Нови Сад.

Како што дознава Нова економија, уапсени се и Дејан Тодоровиќ и Марина Гавриловиќ, инженери вработени во француската компанија Ежис.

Тодоровиќ беше ангажиран на функцијата Надзорен орган за инфраструктурни објекти на службени места, а Гавриловиќ беше Надзорен орган за архитектура на делницата 1, која ја опфаќа Железничката станица во Нови Сад.

Српскиот огранок на францускиот Ежис изврши директен надзор над работите на Железничката станица.

Засега никој не е уапсен од компанијата Проект Биро Утибер, српската филијала на истоимената унгарска компанија и главен член на конзорциумот кој ја доби работата да ја надгледува работата на целиот железнички проект од Белград до границата со Унгарија.

Според дел од српските медиуми министерот во оставка Весиќ од вчера стапи во штрајк со глад.

Во трагедијата што се случи на 1 ноември, кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.

Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче

Попладнево се случила престрелка во скопско Арачиново во која инволвиран бил Шенол Маслани во јавноста познат како Шенки Версаче, дознава 4news.

Повреден во престрелката е Шенад Ајдини.

Инаку да потсетиме, Шенол Маслани е брат на Фарук Маслани кој беше помилуван од страна на претседателката Гордана Силајновска, што наиде на рекации од јавноста.

Македонски автобус се излизга на автопатот во Србија, нема повредени

Синоќа македонски автобус доживеал сообраќајна несреќа на автопатот А5 во близина на Појате, Србија, објавија српските медиуми.

Несреќата се случила поради обилните врнежи од снег, кои го отежнале движењето на возилата. Автобусот се излизгал на лизгавата подлога и удрил во заштитната банкина.

За среќа, во инцидентот нема повредени патници. Сепак, причинета е значителна материјална штета на автобусот.

Надлежните служби веднаш интервенирале на местото на настанот, а сообраќајот бил регулиран без поголеми застои. Упатен е апел до возачите да бидат исклучително внимателни во услови на лошо време.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Популарно