Вчера од МВР соопштија за неколку случаи на деца и млади кои се одалечиле од своите живеалишта.
- На 18.11.2024 во 14.15 часот во Полициското одделение Сарај, Љ.А.(67) од село Рашче, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.К.(24), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
- На 18.11.2024 во 12.10 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14) од Битола, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
- На 18.11.2024 во 18.50 часот во Полициската станица Чаир, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека нивните штитеници А.А.(17) и М.Н.(17), двајцата од Скопје се оддалечиле од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.