Христијан Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за РТК вели дека ако како Владата бидат поразени веднаш ќе побара распуштање на Парламентот и организаирање предвремени парламентарни избори.

Мицкоски посочи дека разликата во рејтинзите како партии е 5:1, а во однос на личните рејтинзи со лидерот на опозицијата 10:1.

„Не е проблем да одиме на избори, бројките ќе бидат исти, можеби и полоши. Оваа Влада има легитимитет за четири години да го испорача тоа што го ветила кај граѓаните, но ако е потребно да се оди на избори и ако сметаат дека треба да се оди на избори, ние уште утре сме подготвени да одиме на избори. Догодина, за нецели десет месеци имаме локални избори. Тоа е првиот тест. Ако на локалните избори добиеме црвен картон од граѓаните веднаш свикуваме предвремени парламентарни избори, но ако добие опозицијата, конечно нека се реорганизира“, вели Мицкоски.

Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче

Попладнево се случила престрелка во скопско Арачиново во која инволвиран бил Шенол Маслани во јавноста познат како Шенки Версаче, дознава 4news.

Повреден во престрелката е Шенад Ајдини.

Инаку да потсетиме, Шенол Маслани е брат на Фарук Маслани кој беше помилуван од страна на претседателката Гордана Силајновска, што наиде на рекации од јавноста.

Македонски автобус се излизга на автопатот во Србија, нема повредени

Синоќа македонски автобус доживеал сообраќајна несреќа на автопатот А5 во близина на Појате, Србија, објавија српските медиуми.

Несреќата се случила поради обилните врнежи од снег, кои го отежнале движењето на возилата. Автобусот се излизгал на лизгавата подлога и удрил во заштитната банкина.

За среќа, во инцидентот нема повредени патници. Сепак, причинета е значителна материјална штета на автобусот.

Надлежните служби веднаш интервенирале на местото на настанот, а сообраќајот бил регулиран без поголеми застои. Упатен е апел до возачите да бидат исклучително внимателни во услови на лошо време.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Македонски автобус се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот кај Појат во Србија.

Како што пренесува страницата на Инстаграм 192.rs, македонскиот автобусот се излизгал и удрил во банкината.

Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета.

Во текот на денот обилните снежни врнежи предизвикаа колапс на автопатот Милош Велики.

Состојбата на патиштата е критична низ Србија поради снегот кој не престанува да врне, коловозите се лизгави, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни и да возат бавно.

Популарно